Skip to main content

Медитација – Философија на Медитацијата

By April 5, 2014April 20th, 2014Фељтон

,,Медитацијата е онаа светлост во умот која го осветлува патот за дејствување; а без таа светлост нема љувов,, Џ. Кришнамурти

Од далечното минато од времето на легендарниот јога систематичар Патанџали, кога митот и легендата се испреплетувале и почнале да се преточуваат во духовна повест со која се испишувала историјата на јогата која непекинато тече до денешни дни: бројни духовни мудреци и учители по јога изразито го нагласуваат огромното значење на систематски и методско разработениот духовно развоен пат на секого: постепено, секојдневно, чекор по чекор да се совладува и да се напредува во ЈОГАТА и ЈОГИСКАТА МЕДИТАЦИЈА.

Овој постепен, методски принцип доведува до развој, напредок и прогрес без да се наруши или да се доведе во опасност телесниот и душевниот интегритет на практиканот по ЈОГА или посветеникот во ЈОГИСКАТА МЕДИТАЦИЈА.

Бројни се правилата кои го осигоруваат и поттикнуваат правилниот духовен развој. На тој долг пат на Самоспознание : Првиот чекор се стекнува со свесно и постојано настојување да од корен се промени нашиот однос кон средината во која делуваме – јама. Со нив непоколебливо се усвојуваат нови лични навики кои се темел на самодисциплина – нијама.

Така доблесните и дисциплинираните пракитканити по ЈОГА и предадените аспиранти на ЈОГИСКАТА МЕДИТАЦИЈА стекнуваат целосен интегритет над себе како комплетни господари на сопственото тело и дух. Јога практиканот и медитантот потполно владее со телото и има целосна контрола над сетилата. Тој прераснува во суверен владетел над немирниот ум, кој свесно ги следи трансформациите на енергијата. Не дозволува таа да се троши залудно. Ја преобразува и трансформира во духовна, во правилна насока движејќи се кон целта. Таа е лоцирана во себе – ниврити, кога преку допирот со сопствената вечност – Џиватма, ја осознава бесконечната димензија на Вечноста – Параматм

Преку вовлекување на сопствените сетила кон себе со целосна свртеност на сензибилноста во себе- Пратјахара, медитантот потполно се насочува кон една и единствена цел со кои ја продлабочува концетрацијата – Дхарана. Таа доведува да сосема спонтано и природно се нурне практикантот во МЕДИТАЦИЈА – Дјана. Со ЈОГИСКАТА МЕДИТАЦИЈА практиканот се стекнува со ведрина, смиреност, потполна отпуштеност и природна отвореност да со ,,својот ум го опфати светот без да ја искриви неговата слика,, Тоа е катадневната реалност во која протекува и егзистира неговиот живот исполнет со радост и среќа.

Само кога човек живее сега и овде, вистинскиот живот и рајот се тука во мигот а не во некое фиктивно време. Тоа се спознава со ЈОГИСКА МЕДИТАЦИЈА кога умот се дисциплионира, и стекнува навика да се смири самиот од себе. Со внатрешната радост и постојаната смиреност откриена, спознаена и доживеана во себе преку праксата на ЈОГИСКАТА МЕДИТАЦИЈА, кај секој практикант секојдневно се надоградува чувството на неописива радост, боженствена смиреност и величенствена среќа.