Skip to main content

Ода на Животот

By April 5, 2014April 20th, 2014Специјални Артикли

,, На Тоше и на татко ми Благоја за мир и спокој во вечноста со љубов, почит и понизност,, Луј

Во една ладна саботна декемвриска вечер во годината на змејот, при нашата фамилијарна прошетка низ центарот на Скопје, ја забележавме големата музичка звезда Тоше, како седеше во неговиот џип, а надвор до возилото беше неговиот возач. Внимателно посматрајќи ја околината, тој ја забележа детската восхитеност на лицто на мојот син Давид Леон кога го здогледа својот познаник Тоше, големата естрадна ѕвезда и идол на младите. И тука започна нашето меѓусебно запознавање. Неговата искрено подадена рака ја почуствував како рака која има потреба од ,,нешто,,. Ракувањето беше кратко во тој миг почуствував голема љубезност, отвореност, ретко кој и ја поседува, особина која ја имаат само добри луѓе со искрено и чисто срце.

Неможам да го заборавам чувството, кое го носам како духовно богаство базирано врз моето тридецениско јога искуство: можам да го почуствувам секој бран и трепет во срцата на луѓето. Неговото срце исполнето со љубов кон сите, во тој миг ,,затрепери со бран на мал немир, барајќи малку внимание и некаква недефинирана помош,, за да во следниот миг започнатиот разговор со моите блиски Ане и Давид Леон го покрие немирот со искреност, несебична љубов. И додека ги пишувам овие редови од позадина ја слушам неговата песна: Полско цвеќе. Случајност или совпаѓање. Духовноста ме научи дека животот се чита низ симболи и симболите го преставуваат животот изминат и особено оној идниот надоаѓачки живот, утрешниот ден.

Сум ја слушал неговата музика и пред се сум имал огромен респект кон неговиот професионализам и сум се восхитувал на неговите вонсериски вокално-музички квалитети. Во секоја соодветна прилика никогаш не сум ги штедел комплиментите кон Тоше за неговите музички вредности и искрено сум го подржувал неговите хумани постапки. Слушајќи ги неговите песни до моето уво допреа песни чија музика и текст длабоко ми се врежија во срцето со нивната порака, испеани со таков беспрекорен глас и откорнати од длабочината на срцето воздигнати со милозвучниот ангелски глас до божествен височини. Тие песни сигурно се повеќе и многу повеќе од обично пеење. За да биде тежината од овие зборови појасна треба да нагласам една духовна вистина: некои негови песни со музика и текст не беа соодветни неговата возраст: текстот со симболично-етимолошкото значење на зборовите не беа во хармонија со физичката возраст на музичко – вокалниот гениј.

Некои негови песни -текстови требаа да почекаат друго време – кога ќе направи подолга музичка кариера и физички ќе биде во ,,стари и мудри години,,. Тогаш духовноста како заокружена и зацврстена иманентна суштина ќе го има долгото, позитивно живототворно искуство на себепрепознавање во текстот и пораката од текстот на отпеаните песни. Има творци и уметници мали и големи, познати и помалку познати. Ја имавме среќата да на овие македонски простори се појави некој што беше Тоше Проески. Врвен и беспрекорен со исклучителен музичко-вокален талент за кој тука и подалеку му немаше и му нема рамен и достоен. Творечкиот жар, големото и отворено срце го направи широкоград кон доброто, убавото и вечното. Беше млад и талентиран, сакан и убав, беспрекорно оддаден на Бога, добрината и хуманоста. Со својата искреност и позитивност стигнуваше таму за кои шепотот за помош само тој можеже да го чуе. Не се штедеше себе. Оти Бог беше во него и пред него. Еден мудрец запишал: Во овој свет не треба да сте плашливи туку внимателни. Тука и само тука беше слабоста на Големиот Тоше.

Му требаше само малку повеќе внимателност и претпазливост во изборот на некои текстови кои беа основа на некои негови песни. Оти, животот е мозаик кој катадневно го составуваме и надополнуваме со нови коцки креирани со секојдневните животни постапки створени од нашите дела, зборови и мисли. Секој човек е исклучителен, цврст и краеативен. Тој се препознава по силата на зборот, моќта на мислата и од кои изнедрува големината на неговите дела. Зошто зборот и мислата се формата во која се движи и живее секој од нас.

Вистинскиот збор златни врати отвора – кажува една народна мудрост. Секој збор не се кажува секогаш и секаде. Има зборови кои бараат соодветен простор и се кажуваат во само одреден дел од животот а други во сосема друга возраст. Како што во животот на човекот има периоди кога сме деца, млади, возрасни или стародоблесни личности така и мислата треба да соодвестува со возраста и свеста да се оптоварува со соодветни реченици-пораки кои го насочуваат животот кон целта изговорена со реченицата или животот се движи таму каде е насочена мислата.

Ако зборот што постојано го изговараме е ЉУБОВ и често го изговараме, ние целосно ќе бидеме исполнети со ЉУБОВ и со ЉУБОВ ќе бидеме опсипани и дарувани од други, со ЉУБОВ ќе зрачиме и истата неизмерно ке ја еминираме околу себе, со својте зборови и мисли и постапки. А зборовите кои носат потиштеност, рамнодушност, меланхолија…….треба да ги замениме со зборови на позитивност, љубов, доблести кои се светлата страна на животот и истиот го исполнуваат со радост, среќа и хармонија. Некои зборови, песни треба да се слушнат и да се негуваат длабоко во срцето но не треба да се откинат од срцето оти како такви со себа ја влечат и душата која јасно и брзо стига до конечната цел.

Тоа се диви ѕверови, питоми само за искусни луѓе, стародоблесни и жигосани од мудроста на животот. Таквате песна РЕКВИЕМ: ОДА НА ЖИВОТОТ и како такви се пеат на зајдисонца од животниот век. Кога прв пат ја слуШнав песната,,Игри без граници,, ме остави првично без збор, посакав да ја слуШнам повторно. Внимателно ја слушнав вторпат, ја преслуШав и по трет пат. И тогаШ сосем внимателно доста одмерено реков: -По оваа песна ТоШе може слободно да си ги спакува куферите, ја испеа Лебедовата песна.Ова е песна која интимно може да се негува длабоко во себе, како комуникација со себе и со Бога. Ова е Лична молитва, потполна посветеност кон Бога. Тоа е лично обраЌање кон Господ. Ако јавно се говори, пее укажува, дава знаци дека се пее: ОДАТА НА ЖИВОТОТ. А тоа е Лебедова песна која се откинува од срцето и ја води дуШата кон крајот, кон нејзиниот почеток кон Бога. И тогаш, тоа е врвот.

Затоа таквите песни, таквите дела се негуваат со посебно внимание во најитимните делови на срцето потсетувајќи се на нив во мигови на самооткривање и самоспознание – во медитација. И ваквите величенствени и боженствено вдахновени дела ако изнедрат од уметникот во рана фаза треба инимно да се негуваат и да се чуваат, јавно да не бидат бидат презентирани во маладоста туку при крајот на креативното и физичкото постоење на овој свет кога тој тоа чувствува. Тоа е крајот на овоземното постоење, тоа е мигот пред физичката смрт. Во сприритуалноста, особено во јогата тоа се почитува и е врно духовно искуство.

Познато е како Махасамади-кога големита духовни учители им соопштуваат на своите ученици и соработници дека ги физички ги напуштаат и дека тој – Учителот ќе се раздели од нив и ќе влезе во Махасамади или како што кај нас во христијанската традиција се нарекува: дека дошол смртиот час. Духовните учители – некои ќе им одржат предавање кажувајќи духовни вистини -сатсанг-мудрости за вечното постоње, други ќе изустат бесмртни стихови, некои ќе запее вдахновена божанствена песна – баџан или молитва, но сите едноставно ќе седнат во медитативна положба, со затворени очи како лебед за последан пат ке го испее космичкото и вечното ОМ ке се нурне во себе… ќе заплови во духовен сон.. медитација… самади ….Махасамади..се спојува со Врвнота.. се соединува со Едното во Единство…и се е Едно како што беше и на самиот Почеток…кога се беше Едно.

Зборот е моќен, зборот е моќно орудие. Речено е: Добриот збор – златни порти отвора. И не знаејќи секогаш дали зборот во мигот кој го користиме е клучот кој ни е потребен да ја отвори нам ни потребната врата…оти нашиот често ограничен и непрочистен ум не ја знае тајната што се крие зад таа врата…и малкумина ги знаат тие тајни. И тие малкумина духовно исполнети со космичка и вечна мудрост често советуваат :ВНИМАВАЈ КОИ ЗБОРОВИ ТИ ИЗЛЕГУВААТ ОД УСТАТА, КАДЕ Е НАСОЧЕН УМОТ КОГА ЈАЗИКОТ ЗБОРУВА А СРЦЕТО Е ОТВОРЕНО. ЗОШТО И ЦЕЛИОТ ЖИВОТ ОДИ ТАМУ КАДЕ ЗБОРОТ Е УПАТЕН А УМОТ НАСОЧЕН. Кога во еден миг постои нивно единство и тоа се остварува. И мигот станува вечност.

А во вечноста, нека го најде мирот и спокојот благородната душа на Тоше, македонскиот сонце со ангелски глас. Тоше, момчето од Крушево со чисто и благородно срце, со насмевка на лицето која во миг освојува а неговиот беспрекорен ангелски глас, кои како божји дар го исполнува секое срце со несебична мајчинска топлина, се воздигна на небото над Македонија како сјајна ѕвезда и ја вдахнува секоја душа на Сината планета со љубов, добрина, искреност…