Skip to main content
Perfect Yoga

Поделба на Јогата

,,Јас којшто сум сигурен дека сум, се уште не знам доволно јасно кој сум,, Рене Декарт

Јогата во своето многувековно непрекинато постоење успеала да ја пренесе својата изворност, мудрост и пракса и како древно учење да допре до денешми дни.

Таа е една од ретките философски и духовни дисциплини која и денес е постојана и автентична како и во минатото, и актуелна со својот интегрален пристап да биде од корист за човекот и да му помогне во неговиот правилен целокупен психофизички развој, во себеоткивањето и самоспознанието на секое човечко суштество. Јогата и денес како и во минатото усмено и со пример со пренесува од учител на ученик (парампара ),така да во основа ја зачувала својата изворност и оргиналност.

Можно е да се направат бројни поделби на јогата и историски да се следи нивниот развој, кои со текот на времето, низ мноштво генерации практиканти претрпела извесни промени., се развиле бројни школи кои негувајќи сопствени искуства и идеи ги надградиле на наследената традицији и со тек на времето се менувале, се приспособувале, се надградувале и се гранеле. Така да настанале посебни видови на Јога, разни правци, школи ,пристапи кои во посебни теоретски рамки им пристапуваат дури и на посебни целни групи.

Иако патиштата можат да бидат различни, темелната идеја на јогата е среќата и таа среќата се наоѓа во секого и во се.Тргнувајќи од идејата за среќата и за самоспознанието суштествува најстарата поделба на јогата, која ја одразува и различнита природа и личните афинитети и потреби на секого.

Некои трагачи се склони кон постојана и несебична работа, втори кон размислување-философирање, трети се посветени во откривање на Возвишеното а последните кон лично вежбање, усовршување и себеспознавање.

Таа древна,класична поделба на Јогата е:

  • КАРМА ЈОГА – јога на несебично и предано дејствување
  • ГЈАНА ЈОГА – јога на самоспознание по пат на разбирање и знаење
  • БХАКТИ ЈОГА – јога на побожна предаденост и посветеност
  • РАЏА ЈОГА – класична (Патанџалиева) осумчлена јога по пат вежби и медитација.

Со тек на време се развил посебен систем на техники и вежби чија цел била да човеквото тело биде здраво, ослободено од тегоби, патење и болести и по можност да живее долго да стекн самоспознание и реализација. Ова се принциите на ХАТХА ЈОГА –Енергетска Јога, позната, многу популарна и широко прифатена на Запад.

Постојат и други видови на Јога, кои како делови на одреден систем на Јога се осамостоиле во восебен вид со своја интегрална пракса:

  • НАДА ЈОГА – јога на внатрешни звуци
  • КРИЈА ЈОГА – јога на дејствување
  • КУНДАЛИНИ ЈОГА – активна, енергетска (кундалини) јога
  • МАНТРА ЈОГА – јога со повторување на мантра (свети слогови)
  • БУДДХИ ЈОГА – јога на мудроста
  • ЈАНТРА ЈОГА – јога на форми, геометриска
  • ЛАЈА ЈОГА – јога на соединување со звуци
  • САМЊЈАСА ЈОГА – јога на одрекнување И многу други видови на јога, денес функционираат како посебни видови.

Значајно е да се спомене дека во минаиот век, големи современи учители по јога развиле сопствени школи, системи на јога со кои станале општо прифатени ширум светот. Познати се:

  • РИШИКЕШ ЈОГА – ја основал Свами Шивананда
  • ИНТЕГРАЛНА – ПУРНА ЈОГА – на Сри Ауробиндо
  • АЈЕНГАР ЈОГА или АТИ ЈОГА – на големиот Б.К.С. Ајенгар
  • БИХАРСКА ШКОЛА на ЈОГАТА – на Сатјанада Сарасвати
  • ЈОГА ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ – на Свами Махешварананда
  • ХИМАЛАЈКИ ИНСТИТУТ – го основал Свами Рама

Според целната група, постојат наменски- видови на јога: јога за деца , jога жени, јога за бремени жени, јога за стари лица итн. Специјализирани-терапевски видови на јога: јога за рбет, јога за срце (срцеви заболувања), јога за астма, јога за стрес итн. Денес постојат многу повеќе поделби и видови на јога што и ги надминува рамките на овој наш преглед. Без разлика со која јога се почнува и кој пат се следи крајната цел е иста: среќа, радост, самоспознание и себеостварување кои се достигаат со постојана и лична пракса во која се вложуваме целосно: ментално и физички, јасно доаѓајќи до одговорот на вечното философско прашање: кој сум јас и која е смислата на животот.