Skip to main content

Пранајама 1 – Вовед во Дишењенто

By April 5, 2014April 20th, 2014Фељтон

,,Без дишење нема живот на Земјата,, Ведантата

Манифестацијата на животот започнува со вдишување а завршива со здивот на издишување. Меѓу овие два здива, почетниот и завршниот тече цел еден живот во кои дишењето е маркантен и витален процес кој го определува квалитетот и должината на нашите животи, состојбата на нашата свет и тело. За разлика од другите системи на вежбање, Јогата бара ментално внимание и свесност при секоја вежба. Сите вежби во јогата, па и дишењето ги работиме полека, со внимание, до граница на пријатност и без желба за докажување и натпревар.

Особено тој натпреварувачки дух е присутен денес во времето на масовните комуникации и технологии, кога современиот човек ги проценува својте можности и потреби. Голем број на наши современици ја изгубија виталната врска со природата, заборавајќи на праисконскиот природен ритам на длабоко и свесно дишење, многу често дишејки површно и во брз ритам.

Сме заборавиле дека дишиме не само со белите дробови туку и со целото тело. Старите мудреци и јогини на Индија одамна спозале дека кожата се нашите втори бели дробови и дека ,,нема живот без дишење низ кожата,, Секоја надворешна манифестација која делува врз кожата се манифестира на ритамот и на квалитетот на дишењето. Тоа го доведе денешниот човек брзо да ја губи животната енергија и природен имунитет, да биде здраствено лесно подложен на секакви заболувања дури и на и обична настинка.

За да можеме да живееме и да го одржиме нашето тело здраво и витално покрај храната и водата особено значање има дишењето. Оти без храна можеме неколку недели, без вода неколку дена а без воздух само неколку минути. Дишењето е многу повеќе од обично вдишување и издишување на воздух. Тоа ги помага витално-биолошко и хигиенски функции на организмот, има одлучувачка улога врз здраствената состојба на човекот дури и го определува квалитето на животот и ја одредува и неговата должина.

Оти старата јога мудрост подучува дека секој човек се раѓа со однапред определен број на вдишувања и издишувања. Кој брзо живее, брзо и површно диши, порано и ќе умре. Затоа треба да научиме да дишиме полека, да живееме мирно и да доживееме долг и среќен живот. Начелно разликуваме три фази во процесот на дишење: пурака-вдишување, речака-издишување и кумбака-задржан здив. Овие фази на дишење преоѓаат една во друга, и нивното свесно следење е задача на редовните јога вежби на дишење, со кои се смирува дишењето и продлабочува здивот.

Само потполното јога дишење го враќа старото и исконско природно дишење кое му носи на практикантот повторна отворена врска со природата и со здравјето. Тогаш кога владееме со здивот и со дишењето ефектот на јога вежбите ќе биде комплексен и позитивен. Затоа на дишењето треба да му обрнеме посебно внимание, особено во стврањето на позитивни навики да се дише низ нос, бавно, нечујно, свесно и без напрегања.