Skip to main content

Пранајама 10 – Подготовки на Контролирано Дишење

By April 5, 2014April 20th, 2014Фељтон

,,Влегувам во секое живо битие и престојувам во него како живототворен здив,, Бхагават Гита

Во денешниот свет, каде човекот во разни животни ситуации мора да прави работи кои се граничат а често дури и ги надминуваат и неговите можности успехот зависи и е во дирекна спрега со неговите здрави животни навики. Ако поединецот знае правилно и вистински да дише (да го користи во полност капацитетот на своите дишни органи), да има свесност на текот на дишењето, тогаш тие личности се исполнети со физички и ментален доблесен капацитет кој е неограничен.

Негувањето на дишењето а собено на контролираното и свесно дишење – ПРАНАЈАМА е од посебна важност во јогата. Во совемената јога пракса базирана на постојаната, непрекинатата и повеќевековна традиција на јогата, техниките на дишење – ПРАНАЈАМА, се од непроценлива важност. Долгогодишното искуство на низа познати а особено анонимни јоги укажуваат на позитивните ефекти и можностите што ги нуди контролираното и свесно дишење, во однос на личниот физички и ментален разој и освојувањето на нови креативни и доблесни спиритуални димензии. Доброто здравје сфатено во својата целовитост бара постојани напори во однос на одржувањето и негово постојано негување.

Во тие напори дишењето го завзема централното место а створената навика на комплетно јога дишење и неговото постепено вградување во еден развиен степенест циклус со кои ќе се прочистат енергетските канали – надите преку техниките на нади шодан, ствара добри и здрави основи да се пристапи кон ПРАНАЈАМАТА – техники на контолирано и свесно дишење. Во класичната јога традиција и во базичната јога литература техниките на нади шодан и претходат на техниките на дишење – ПРАНАЈАМА, иако во многу современи системи и јога пракси нади шодан се смета како една од техниките на ПРАНАЈАМА.

Како и да е, нади шодан како техника на дишење претходи на ПРАНАЈАМАТА и таа преставува базична неопходност, на која во нашата јога пракса треба да и пристапиме со сета сериозност и одговорност. Правилната подготовка што се прави со нади шодан, со која практикантот ја одржува неопходната проточност и чистота на енергетските канали – надите, овозможува животна енергија праната сосема слободно да протекува до секој дел од човековото тело, за да го снабди со неопходната животна енергија и да ја одржи неговата виталност, здравје и животна радост.

Со прочистени и отворени нади, се пристапува кон ПРАНАЈАМАТА. Истите правила што важат за нади шодан се применуваат и во техниките на ПРАНАЈАМА. Учењето и совладувањето на овие техники треба да биде постепено, внимателно и бавно а во нивното совладување не треба да има никакво импровизирање и брзање. Стекантата дисциплина на редовна и постојана пракса треба посебно да се негува и да зацврсти со цврста волја за да се надмине ,,досадата,, од повторувањето кое станува секојдневие во јога праксата.

Не треба да се прескокнуваат некои техники за сметка на ,,поинтересни или допадливи вежби,, за кои сме прочитале или слушнале. Без нагли и скоковити фази во примената на техниките на дишење ќе бидат намалени негативните психички ефекти: разочарувањети од досадната пракса, откажувањето од патот на јогата и сл..

На патот на самоспознание со јогата секој сериозен практикант се среќава со едно старо духовно правило: ,,само редовната, постепена и без брзање постојана и секојдневна пракса раскошно ги нуди своите позитивни ефекти и доблести кои водат кон целосен развој на личноста,,