Skip to main content

Пранајама 3 – Комплетно јога Дишење

By April 5, 2014April 20th, 2014Фељтон

,,Бидејќи дишењето е живот, ако добро дишеш подолго и ќе живееш,, Староиндиска поговорка – мудрост

Дишењето, особено свесното и контолирано дишење е елемент вграден во секоја јога вежба, во било која и да е јога пракса и во секој систем на јога. И нема ниту еден јога систем, ниту една јога школа или древна и класична јога пракса која нема сериозен пристап кон дишењето и техниките на дишење.

За да се владее успешно процесот на дишење треба целосно да се има свесност и контрола на секое вдишување и издишување. Тоа, дишењето на почетокот најдобро се учи и се усвојува лежејќи на грб – во шавасана. За да се господари со здивот и успешно да се владее со процесот на дишење треба да се спојат стомачното, средно и горно градното дишење во еден свесен и непрекинат процес. Ова дишење во кое активно и свесно се вклучува целокупниот волумен на белите дробови се нарекува комплетно јога дишење.

Тоа е пракса која ги соединува трите начини на дишење, во едно целосно и ритмичко движење и ги корегира и отстранува лошите навика на дишењето, ствара целосна свесна контрола на дишниот процес. Комплетното јога дишење потполно ги проветрува и прочистува белите дробови, ја зголемува апсорпцијата на кислородот, ја регулира и зацврстива работата на срцето и белите дробови, го смирува целокупниот нервен систем, го намалува високиот крвен притисок, го подобрува варењето на храната. Тоа е основа на многу техники и пракси на пранајама.

Комплетното јога дишење самостојно или како елемент од одредена техника на пранајама во една целосна јога пракса доаѓа по телесните јога вежби и положби – асани, а пред техниките на концентрација и медитација. Прво, потполно се отпуштаме, за да релаксирани свесно се насочиме врз нормалниот здив и со целосна ментална насоченост се нурнеме во учење, утврдување, балансирање на елементита на дишење: стомачно, средно и горно градно.

Тие се вградуваат во комплетното јога дишење во еден растечки бран на вдишување кои се подига од стомакот нагоре кон грлото, а при издишување се спушта надолу од грлото до папукот. При вдишување се подига стомакот, се шири градниот кош, а при издишување се враќаат во почетна положба. Потоа со стекнато искуство на владетел со здивот, успешно господариме со здивот и свеста и ги вклучуваме во техниките на контролирано и свесно дишење – пранајама.

Откако се совладаат вежбите на комплетното јога дишење во шавасана, се продолжува со праксата на дишење во една од класичните седечки положби: ваџрасана, сукасана или најдобро во сидхасана или падмасана. . Само и единствено вистински може да се искористи дишењето кога седиме стабилно, неподевижни и исправени во рбетот, ама и отпуштени така да при долготрајно седење не чувствуваме замор, непријатност или напнатост, и самата техника на дишење е пријатна и опуштена.

Постојаните и секојдневни вежби на дишење ги отстрануваат несигурноста, и емоционалните пречки, позитивно делуваат на враќање на внатрешниот мир, подобрување и продлабочување на концетрацијата и состојбите на медитативна задлабоченост. Совршеното владеење со комплетното јога дишење е камен темелик на успешна јога пракса, среќен и хармоничен живот.