Skip to main content

Пранајама 4 – Приорогно Дишење

By April 5, 2014April 20th, 2014Фељтон

,,Дишењето не само што го одржува физичкото тело, туку е и директен медиум за развојот на свеста,, Парамханса Сатјананда

Правилното и здраво дишење се одвива низ нос и енергетската виталност се зголемува со свесно, длабоко, бавно, бесшумно и лесно дишење. Ова во основа го овозможува комплетното јога дишење, комбинирано со наизменични дишења низ левата и десната ноздрва, со или без задржан здив што е во основата на контрлираното и свесно дишење – Пранајама. ,,Како што лавовите, слоновите и тигрите се дресираат сосем бавно и претпазливо, така Праната треба да се стави под контрола сосема бавно и постепено сообразно способностите и физичките можности.

Инаку таа ќе го убие практикантот,, предупредува Хатха јога прадипика. Оваа изрека подучува дека дишењето, суштествениот белег на животот, треба да се почитува, да се негува и постојано да се надградува со свесност за неговата величина, значење и непроценливост.

Дишењето е центарот околу кој се врти тркалото на животот. Тоа ја ограничуваа виталноста на битијата и ја одредува должината на нивните животи. Затоа, секој јога практикант ги следи правилните ритмички шеми на длабоко и бавно дишење. Потребно е многу време за да се научи бавното и длабоко вдишување и издишување. Смиреното и ритмичко дишење го зацврстува системот за дишење, го успокојува нервниот систем и го намалува немирот, напрегањата и стресот.

Смирувањето на нерниот систем носи чувства на мир, рамнотежа и сигурност. Тоа доведува да во миговите на јога пракса, кога се свртуваме кон себе, умот се ослободи од секојдневните грижи и планови и целосно се стави во функција на дишењето кога се развива и продлабочува концетрацијата, сосема природно и спонтано. Ова дишење не треба да биде само вежба туку да се потрудиме да стане постојан метод на дишење, кога моменталата состојба тоа и го дозволува. Ако бавното и свесно дишење а особено комплетното јога дишење го апсорбираме и го вткаеме во себе и тоа стане лична навика во нашето секојдневие ние на нашето битие му даваме богатство што ќе го исполни со внатрешен мир и соврешена самоконтрола секаде и во секој миг.

Кога оваа нова навика на природно и здраво дишење длабоко се вкорени во нас и истата навлезе во потсвеста, полезноста ќе се чувствува во секој миг од нашиот живот дури при спиење. Ако оваа носвостворена навика стане наше секојдневие, полека се враќаме кон Природата, почитувајќи ги нејзините закони а во исто време придржувајќи се до космичките начела кои ќе не исполнат со севкупно здравје и внатрешен мир, иако нашиот дом, место на живеење и работа се во центарот на техниката и технолошкиот развој.

Тоа ќе ни даде знаење да на еден свесен начин му пријдеме на технолошкиот свет што е околу нас и ние во него. Да го земеме она неопходно и потребното од него, но во исто време да и ја дадеме вистинската вредност на Природата: дека таа и природното го имаат последниот збор. И тука дишењето е оној сегмент кој ги поврзува сите живи битија и ги исполнува со радост и хармонија во меѓусебните односи и во односите со Природата и со Космосот.