Skip to main content

Прана

By April 5, 2014April 20th, 2014Фељтон

,,Праната гори како оган и свети како сонце. Таа е она што е, и тоа што не е. Таа е она што е вечно,, Прашна Упанишада

Праната е сила, снага, енергија, животен здив. . Таа е фундаментот на се што постои, виталната енергија која го исполнува целиот уневерзум. Највидлива манифестација на праната кај живите организми е дишењето. Праната е многу повеќе од здивот на вдишување и издишување. која ги овозможува сите животни функции и активности као што се: дишењето, снабдување со кислород, внесување на храната, работа на срцето, метаболизмот итн. Праната се манифестира преку двете големи сили: Прана и Апана.

Прана е она што го примаме, она што го вдишуваме а Апана е она што го даваме со издижување. Праната е космичката сила што ја поврзува материјата, свеста и духот и го овозможува животот на материјален ниво. Таа е живот и во човечкото тело се манифестира како севкупна психосоматска енергија која се распростира и кружи низ посебни пранични токови познати како Нади. Иако Праната е една и единствена, таа во телото на човекот се манифестира во десет различни функции: Пет главни (Прана, Апана, Удана, Самана и Вјана), и Пет споредни (Нагх, Курм, Девдат, Крикал и Дананџај).

Петте главни Прани го овозможуваат дишењето и го снабдуваат телото со кислород, ја обезбедуваат работата на срцето, се регулира екскрецијата, се контролира варењето и асимилацијата на храната, се овозможува говорот, владеење со телесни состојби- ладно, топло, отпорност итн, нервна рамнотежа и контрола на циркулацијата на енергијата низ целото тело.

Петте помошни Прани го контролираат ждригањето, повраќањето, икањето, кивањето, прозевање, дремење, отварање и затварање на очнините капаци и срцевите залистоци. Со овие десет функции на Праната нашето тело се одржува здраво и чисто со интензивно влијание на нашата свест.

Праната интензивно тече низ табаните кои се носители на негативна енергија. А Праната која тече од дланките доаѓа од срцето и е позитивна . Нашата Прана може да има три особини – квалитаети ( Гуни-санскр.) : Сатва, Раџас, Тамас. На нивниот квалитет се влијае со храната, пијалокот, друштвото и менталната состојба. Со практикуваање на Јога се овозможува Праните активно да делуваат и меѓусебно да се хармонизираат а тоа да има и позитивно влијание на психофизичката состојба на практикантот.