Skip to main content

Јога За Почетници – Сигурен пат до виталност и здравје

By March 29, 2014Фељтон

Усните на мудрите луѓе знаење шират. Соломон

Ако сакаме да бидеме витални, здрави, ослободување од напнатост, стресни ситуации и вознемиреност, оваа позитивна намера неминовно бара активно во својот живот да вклучиме личен систем на дисциплина. Таа ни помага, конечно да го поттикнеме и обединиме развојот на сите добри, позитивни и доблесни аспекти длабоко во себе. На добрите навики и дисциплина стекнати во семејството и училиштето, кога се надградени со личната дисциплина и грижата за сопственото тело и дух стекнати преку праксата на ЈОГАТА, почнува сопствената трансформација од луѓе кои секојдневно се во потрага по среќа, до луѓе кои постојано се исполнети со среќа и задоволство.

Само малку напор и труд е потребен во стварањето на нови, позитивни и здрави животни навики. Преку праксата на телесно-физичките вежби и положби – асани, ’рбетот во целина и секој негов пршлен, секој зглоб и мускул во човековото тело остануваат здрави, витки и во добра состојба. ЈОГАТА ЗА ПОЧЕТНИЦИ започнува со сосема едноставни јога вежби, кои може со помал или поголем напор да ги изведе скоро секој без разлика на возраста и моменталната здраствена состојба. Со нивната пракса се навлегува во царството на смиреност, отпуштеност кои се рајски порти во градината на постојано здравје, радост и среќа. Сосема природно се стекнува навика за редовно практицирање на ЈОГА. Таа редовност во изведувањето на вежбите, неминовно создава здрава и креативна дисциплина. Продуктот на тие постојани напори сте ВИЕ, а кога се гледата себе како здрава и среќна личност, волјата и желбата за стекнување, задржување и зацврстување на дисциплината која тоа го обезбедува постојано се негува и надградува. Од болежлива и срамежлива личност која тешко може сама да се соочи со себе, преку ЈОГА ПРАКСАТА се трансформирате во одлучна и одговорна личност која се исполнува со самодоверба. Така човекот сфаќа, дека постојаното здравје, себеспознанието и себеостварувањето може да ги постигне преку негување и одржување на сопствената дисциплина.

Дисциплината кон своето тело, здив и дух се стекнува со секојдневна ЈОГА ПРАКСАТА. Таа го трансвормира животот. И со неа започнува сопствената еволуција, постепено и секојдневно. ЈОГАТА ЗА ПОЧЕТНИЦИ ги исфрла од секојдневието лошите животни навики, болеста, страдањата… Дисциплината носи БЛАГОСЛОВ ЗА УСПЕХ И СЛОБОДА. Оти грижата за себе секогаш е проткаена со златните и несебични ните на љубовта. Секоја ЈОГА вежба е во функиција на практикантот, а кога тие вежби се исполнети со непресушна вера кон себе, со несебичната грижа и љубов кон сопственото тело и битие, човекот ги надминува ограничувањата. Тој опфатен секојдневно со ЈОГА ПРАКСА се спознава себе си во потполност на физички, ментален и духовен план. Со асаните, пранајамата и медитацијата човекот гради совршено и здраво тело ослободено од страдања и болка. Тоа носи боженствен мир и спокој кои ги отвораат портите за Самоспознание и Себереализација.