Skip to main content

Јога За ‘Рбет: За природата на проблемот

By April 5, 2014Фељтон

Постојаноста и верата ги совладуваат сите препреки.. Е. Фром

Денешниот човек се помалку и помалку се движи. Најчесто подвижноста на луѓето е огрничена, многу често со минимални движења, со огромна тенденција на зголемување на бројноста на човечката популација кои вршат мала или скоро никаква физичка активност. Огромен број на луѓе а посебно деца и млади личности во најголем дел од денот седат, држејќи го телото во неправилна положба, кога ‘рбетот долго време е искривен. Така постепено и секојдневно овие лица трпејќи мали и благи болки во ‘рбетот и зглобовите се регрутираат во огромната лавина на луѓе кои сериозно имаат проблеми во ‘рбетот. Кога кон ова се додаде и исцрпувачкиот секојдневен брз ритам на живот со безбројни дневни активности и во таа луда трка во тој безмилосен натпревар на себенадминување каде скоро целосно се истиснати: грижата за себе, негувањето на здраво, витално и подвижно тело, чиста мисла и здраво расудување, поради кои несомнено страдаат многу индивидуи.

Во таа катадневна бркотница, денешниот човек се повеќе го губи и скоро да нема сопствен мир. Тој не е смирен ниту во текот на извршувањето на своите активности во текот на денот а ниту во сонот се чувстува опуштен а се повеќе и почесто спие немирно, најчесто во неправилна положба која предизвикува бројните тегобности во пределот на рамењата и грбот. Овие болки се нагласуваат се повеќе со носење несоодветна сезонска или тесна облека, торби за на рамо, чевли. Побено кај жените, носењето на трендовски чевли со високи потпетици, кои во комбинација со зачестената појава на рамни табани ги прави мускулите склони кон истегнувања дури и при минимални движења, најчесто при наведнување, станувања или при подигање на терет.

Сите овие неправилни и зачестени движења во подолг временски период ги ослабуваат мускулите на стомакот и половината. Зголемената телесна тежина и големато масно ткиво во пределот на стомакот и колковите доведува до слабост на стомачните мускули кои постепено со континуираниот притисок на грбот доведува до деформација на ‘рбетот и нова, неправилна телесна положба. Заради слабите стомачни и мускулите на половината, органите сместени во стомакот го нагласуваат притисокот кон напред со што повеќе го напрегаат ‘рбетниот столб.

Разните здраствени испитувања и медициски статистички истражувања ширум светот покажуваат значително процентуално зголемување и се позачестените непријатности во што луѓето ги чувствуваат во зглобовите и ‘рбетот. Денес во светот од болки во грбот страдаат многу повеќе луѓе отколку од било која форма на болка или траума. Тие во последните години добиваат димензија на масовност кај светската популација слично како што се хроничните експанзии на настинки или грип. За жал, голем број на луѓе свесно ја прифаќаат болката како неминовност во сопствениот живот иако решението и нивното надминување се тука. За било кој и да е проблем на овој свет има и содветни позитивни решенија.

Во последниве децении се побројните деформации, болки во ‘рбетот, коските и зглобовите успешно се санираат, надминуваат и совладуваат со јога. Затоа во јогата за оваа категорија на луѓе е подготвена, специјална програма на јога вежби. Тоа е позитивно, успешно потврдениот Специјализираниот јога курс: ЈОГА ЗА ‘РБЕТ. Овој јога курс овозможува да се надминат болките во грбот и зглобовите и да се изгради навика на правилно држење на ‘рбетот: да се држи грбот прав, со исправена и подигната но не зафрлена глава кон назад, подигнати рамења и со малку вовлечен стомак. Таквиот човек со впечатливото и достоинствено држење на телото доминира во просторот како цар меѓу своите достојници.

Само исправениот ‘рбет на човекот му влева доволна сигурост да може да се носи и да ги исполни секојдневните обврски и должности. Во телото во кое неговата подвижност беше сведена на минимум а болката доминираше, со помош од одбрана јога програма од Специјализираниот јога курс: ЈОГА ЗА ‘РБЕТ нагласениот тренд на стареење на ‘рбетот постепено се успорува и потиснува. Преку редовните јога вежби повторно се враќа младоста на ‘рбетот со нагласена флексибилност, живототворна виталност и еластичност.

Постепеното повторно исправање на ‘рбетотниот столб одново ја воспоставува неговата целосната функционалност, се враќа насмевката на лицата, радоста во животот… Затоа треба да се створи навика на редовно вежбање на ЈОГА ЗА ‘РБЕТ. Со помш на на ЈОГАТА ЗА ‘РБЕТ се корегираат тековните слабости кај поединците: првенствено го зацврстува целокупниот мускулен систем а особено мускулниот корсет на трупот. Свесно раздвижените мускули и зглобови со одбрани телесни вежби и положби: асани ја отстрануваат болката во грбот, предвременото стареење на ‘рбетниот столб а особено појавата на остеохондроза – загубата на елстичност и подвижност на меѓупршленските дискови и нивните муѓусебни врски. Со специјализираниот јога курс: ЈОГА ЗА ‘РБЕТ се санираат проблемите, болките во грбот и зглобовите и повторно се враќа правилното држење и подвижноста на ‘рбетот.