Skip to main content

Јога за ‘Рбет 3 – Здравје и Радост во Секојдневнието – 2

By April 5, 2014Фељтон

,,Должност е да бидеме здрави,, С. Јесудиан

Намалената физичка подвижност, ограничените секојдневни движења, надополнети со неквалитетна храна најчесто конзумирана во брзање, често во комбинација со неправилен режим на исхрана и со секојдневна изложеност на постојани ментални напрегања: предизвикуваат разни непријатности, тегоби и болести кај нашите современици. Чувството на замор дури и при минимални движења или краткотрајни пешачења укажува на слабост на мускулите кој најчесто се и крути.

Тоа предизвикува намалена подвижност на зглобовите кое доведува телото секојдневно ја губи природно даруваната еластичност и подвижност на зглобовите и ‘рбетните пршлени. Тоа со тек на годините потклекнува притиснато од сопствената тежина која има тенденција да се зголемува исто како што бремето на годините ја ограничуваат неговата подвижност и еластичност. Човекот често е во расчекор меѓу личните и професионалните обрски кои само се изговор за сопствената неодговроност и негрижа.

Јогата го учи секого да преку сопственото тело, здив и свест ја свати функионалноста на сопственото битие и смислата на своето постоење. Таа им ја враќа природната, дарувана и вродена подвижност, еластичност и здравје. Ја поттикнува и ја храбри личната одговорност за севкупното здравје и среќа. Таа ги корегира лошите навики на современиот човек.. Најчесто нашите современици имаат проблеми со слабост на мускулите во целина или нагласена мускулна атрофија во поедини зони на подвижност на телото.

Први на удар се групите на мускули кои го држат телото исправено и ја овозможуваат правилната подвижност на телото во целина, како и кординацијата во функционирањето на екстремитетите – раце и нозе при едноставни секојдневни движења: одење, свртување или наведнување на телото. Затоа, за правилно држење на телото а особено на ‘рбетот и неговото правилно функционирање, елатичност и подвижност, како и за подвижноста и еластичноста на зглобовите треба секој створи редовна физичко-ментална култура на себегрижа. Кога секоја единка лично ја понесе таа одговорност и створи секојдневна навика редовно да практикува јога а особено ако го практикува Специјализираниот јога курс: ЈОГА ЗА ‘РБЕТ.

Јогата ја враќа природната кординација, подвижност и елатичност на ‘рбетот, зглобовите, екстремитетите… По чинот на јога пркса, кој истовренео е и време на лична посветеност и одговорност, практикантот вистински се исполнува со здравје, радост и среќа. Практикантите по јога се луѓе позитивни пред се кон себе и имаат позитивен однос кон семесјтвото. Својата доблесност и природен, здрав елан кон животот тие го шират околу себе, градејќи заедница на среќни и задоволни луѓе во овој шарен и прекрасен свет.