Skip to main content

Јога за ‘Рбет 5 – Потребата од Јога за ‘Рбет во Секојдневнието

By April 5, 2014Фељтон

,,Човекот е таков, каков што е неговиот ум,, Јога мудрост

Денес со сигурност се знае дека болките во грбот и ‘рбетниот столб се резултат на погрешни животни навики. Особено неправилната држење на телото односно на ‘рбетот, работата од седечка положба, зачестените психички и емоционални растројства, ограничената физичка подвижност во комбинација со брзиот и неквалитетен начин на исхрана кои повторувани во континуитет предизвикуваат промени и деформации на ‘рбетниот столб проследени со зачестени болки во грбот, рамењата и зглобовите .

Потребата од правилно држење на ‘рбетот е база на здрав, исправен и правилно функционален ‘рбет. Тоа бара да се има свесен однос кон телото, дишењето… и оваа позитивна навика се ствара со јога. Специјализираниот јога курс: ЈОГА ЗА ‘РБЕТ овозможува да се надминат проблемите од траума и болки во грбот и да се изгради навика на правилно држење на ‘рбетот: да се држи грбот прав, со исправена и подигната но не зафрлена глава кон назад, подигнати рамења и со малку вовлечен стомак. Таквиот човек со впечатливото и достоинствено држење на телото доминира во просторот како цар меѓу своите достојници.

Само исправениот ‘рбет на човекот му влева доволна сигурост да може да се носи и да ги исполни секојдневните обрски и должности. ЈОГАТА ЗА ‘РБЕТ ги корегира тековните слабости кај поединците: првенствено го зацврстува целокупниот мускулен систем а особено мускулниот корсет на трупот. Свесно раздвижените мускули и зглобови со одбрани телесни вежби и положби: асани ја отстрануваат болката во грбот, предвременото стареење на ‘рбетниот столб а особено појавата на остеохондроза – загубата на елстичност и подвижност на меѓупршленските дискови и нивните муѓусебни врски.

Специјализираниот јога курс: ЈОГА ЗА ‘РБЕТ со одбрана јога програма во кои се вклучени техники на отпуштање: релаксација и јога нидра, телесни вежби и положби: асани проследени со свесно и контролирано дишење: прамајама доведува до намалување на болките, подобрување на подвижноста на телото и сигурноста во себе. Емоционалната стабилност се зацвстува и таа позитивно делува во отстранувањето на негативните емоции. Во јогата постои доминантен став, дека телото и умот се тесно поврзани, и кога умот е немирен и неспокоен тогаш телото покажува знаци на дисфункција. Само со личен ангажман и сопствена јога пракса се гради здрава кохезија меѓу телото и умот.

Јога вежбите го прават практикантот сензибилен за да ја почуствува таа тенка нит што постои меѓу телото и болеста. Бавно а истовремено сосем природно секој болен прктикувајќи јога може на себе да ја почуствува врската што постои меѓу болестите на телото со тенките патишта на умот. Јогата нуди методи со кои може да биде разбрана и совладана природата на болеста, за да болниот изгради здрава врска меѓу телото и умот. Со ЈОГА ЗА ‘РБЕТ практикантите стануваат здрави, поспокојни, дружељубиви, хармонични и срдечни.