Skip to main content
Perfect Yoga

Јога за ‘Рбет

,,Здравото тело е производ на здравиот дух,, Схањ

Здравјето е најголемиот дар на природата и божји благослов за хармоничен, среќен и креативен живот.

Неговото одржување е света должност на секоја личност и секое битие се труди да го оддржи максимално. Во денешниот свет од бројните методи кои се насочени кон одржување и враќање на загубеното здравје, јогата го преставува врвот во сеопфатноста, резултатите и вековната традиција која исцело е посветна на здравјето на човекот, неговата среќа и себереализацијата. Јогата како и во минатото така и денес е најцеловитата и најголемата наука за човекот, неговото тело и ум. Таа е единствен систем, вистинска практична филосовија во која преку сопственото тело, здив и ум секој јога практикант на позитивен и доблесен начин стигнува до целта и успехот.

Јогата нагласува дека успехот во животот на човекот е резултат на древното правило кој е свет принцип во јога праксата: патот на успехот е поплочен со дисциплина и постојаност. Личноста која ќе ја внесе јога праксата си го прави својот животот полесен, исполнувајќи дел од сопственото време во лична посветеност: грижа за себе преку одвојување од катадневието на време кое си го посветуваме за себе преку јога вежби. Користејќи ја неограничената сила на умот, сеприсутната животна енергија – прана, секој човечки организам впрегнат во јога пракса на природен начин го оржува своето битие здраво и витално. Волшебните “внатрешните лекови и медикаменти” кои се ослободуваат со јога вежбите се сеопфатни во третманот не само на одделни органи, жлезди и системи туку во лекувањето и хармонизирањето на целото човечко битие. Активирањето на внатрешниот лекар и способноста за лекување се длабоко всадени во нас.

Така секој со редовна јога пракса си посветува време и грижа за себе, за своето здравје. Тоа се враќа како благодет во животот, како прв чекор кон самоспознание: јогата ја активира во секого, неговата внатрешна животна сила која може се да излекува. Се е во нас. И космосот и здравјето и среќата. Само малку време посветено на себе значи време вложено во сопствено здравје, виталност, хармонија и личната духовна еволуција. Денес сосема е јасно, дека главна причина за бројните болести а особено на зачестените болките во грбот е современиот начин на живот. Тој го ограничува движењето, често се работи од седечка положба, неправилно се држи ‘рбетот, најчесто дишењето е површно, забрзано и неправилно. Тоа во комбинација со брзо приготвената и генетски модифицираната, конзумирана храна, заедно со огромните психички и емоционални напрегања ја рушат стабилноста и функционалноста на ‘рбетот.

Преку јогата за ‘рбет се зацврстува мускулниот корсет, правилното и исправено држењена на ‘рбетот. Затоа јогата во целост а посебно специјализираниот јога курс: јога за ‘рбет ја нагласува потребата и неопходноста од редовни јога вежби. Со нив стануваме физички активни и ментално стабилни, постепено доведувајќи го сопствениот биоритам во хармонија со природните закони. Така практикантите на јога за ‘рбет стануваат свесни за древната мудрост: здравјето на човекот е во директна врска со здравјето на ‘рбетниот столб. Затоа секој труд и секојдневен напор при редовните јога вежби значи вложување во сопственото здравје, негување на постојана радост и трајна среќа. Здравото и витално тело, смирениот ум,постојаната среќа, радост се благодети кои ги посакува секое човечко битие. Тие се нужна потреба на секого. Може да се постигне сето тоа, само со редовни и системаски вежби.

Без сомнение, јогата е таа која може да направи вистински чуда во вашите животи. Вашето тело, здив и ум се инструментите кои ви се потребни за да го живеете рајот сега и овде. Без разлика на која возраст сте, дали сте здрави или болни, јогата може да ви помогне да ја одржите или повторно ја вратите изгубената животна енергија, здравје, младешка виталност, грациозност. Чекорот кон нови и здрави животни навики секој поединец започнува да ги прави на првиот час по јога, кога тој навлегува во сферата на самодисциплината. Тогаш започнуваат да се таложат и кристализираат новите животни навики кои со редовната јога пракса и со решителноста и упорноста на секој јога практикант ја враќаат и зацврстуваат вербата во себе.

Компексната програма на специјализираниот јога курс: јога за ‘рбет носи нов поглед кон себе. Се обидува практикантот да го спознае јазикот на сопственото тело, здив и душа, преку селективно-систематизирани јога вежби. Тие ги отстрануваат длабоко вгнездените и потиснати стравови, негативни емоции, болки, мрзливост… Даваат поттик да се подобри правилната положба и држење на ‘рбетот, како при седење, така и при движење. Неправилната положба на ‘рбетот од своја страна води до различни деформации на ‘рбетниот столб, кој е проследен со постојана или хронична болка, кои покасно ствараат основа за бројни заболувања, болести на ‘рбетот, некои од нив тешко излечиви со нарушена функционалност на бројни органи и системи во човековото тело. Затоа исправената положба, држење и правилната функционалност на ‘рбетот и зглобовите е грижа на специјализираниот јога курс:

Јога за ‘рбет. Тука, во почетниот јога курс: јога за ‘рбет во текот на три месеци се совладуваат основните техники на отпуштање, телесни јога вежби и положби – асани, кои во комбиндција со контролирано и свесно јога дишење – пранајама носат видливи резултати во подобрувањето на состојбата – како на физичко така и на емоционално ниво. Практиканите кои редовно го посетувале специјализираниот јога курс: јога за ‘рбет, пријатно се изненадени од постигнатото. Вежбите довеле до намалување на болката, со зголемена подвижност на ‘рбетниот столб и олеснати движења на екстремитетите. Тоа им ја врати самодовербата и им ја зголеми радоста и еланот за успех. Од вознемирени, подгрбавени личности во чиј очи и на чиј лица се читаше потиштеност, болка а многу често ги обземаше безнадежност, само со редовно и активно учество во почетниот јога курс: јога за ‘рбет како со волшебно стапче се остранува негативната емоционална состојба, па им се враќа спокојството, хармонијата… Тие по часовите стануваат подружељубиви, активно разговараат за здраствениот проблем, кои постепено исчезнува, само благодарение на редовните и системаски јога вежби.