Skip to main content
Perfect Yoga

Јога Нидра

,,Низ Јогата, се здобиваме со способност да ги смириме нашите бранови од мисли,, Патанџали

Одамна е познато а и секојднево се потврдува, дека таму каде што има недостиг од редовна физичката активност и е присутен брзиот ритам на живот, тука се зачестени заморот, демнее поспаноста, нервозите се неминовност, депресијата владее, стресот царува.

Во такво секојдневие луѓето најчесто се втурнати во динамичен и неспокоен животен ритам во кои одамна се чувстува недостигот од релаксација, се трча по смиреноста, се копнее по среќата. Токму во ова време јогата го дава својот позитивен импулс со прочуента јога нидра – древна техника на длабока релаксација. Јога нидра значи ,,спиење на јогинот,,. Тоа е состојба на свесно и длабоко опуштање, кога се успева телото потполно физички да се опушти а умот да се смири. Постојаната активност е вистинската природа на умот. Ние тоа не можеме да го спречиме а уште помалку да го негираме, но можеме да му дадеме одреден правец во кои ќе го наочиме дејствувањето на умот. Преку одредени техники на јогата, а пособено со јога нидра, можеме да го контролирама немираниот и неспокоен ум, позитивно да го насочиме и смирено да владееме со нашите сетила.

Јога нидра е сосема едноставна вежба. Најчесто се практикува лежејќи на грб – во шавасана, а поретко во повисоките фази на јога нидра во некоја класична седечка положба. Практикантот за време на вежбата не треба да биде со полн стомак, би требало да биде облечен во широка и удобна облека. Откако ќе легне на грб во шавасана, телото се покрива со тенок чаршав и треба да остане непожвижно во текот на целата вежба, во времетрање од околу четириесетина минути. Очите се затворени. Рацете се малку оддалени од телото, дланките свртени нагоре и нозете се благо раздалечени. Се развива чувство за пријатност во положбата. Во јога нидра умот мора да биде целосно насочен во следење на иструкциите, кои се едноставни, кратки и јасни. Практикантот ги следи упаствата и се обидува да остане буден и свесен. На почетокот на јога нидра секој ментално треба да донесе одлука – санкалпа, позитивна и реално оствралива желба, намера или одлука. Таа, на почеткот на јога нидра ментлно се повторува три пати и повторно на крајот уште три пати пред да се отворат очите. Санкалпата се повторува во секојдневната пракса на јога нидра, ден за ден додека се оствари во животот. Такви одлуки реално можат да го променат вашиот живот. И ако е позитивна, доблесна и искрена вашата одлука, таа ќе се оствари и позитивно ќе го промени вашиот живот. Со јога нидра можат да се отстрнат лоши животни навики: штетни за поединци… Да се излечат некои ментални болести…. Личностите кои редовно практикауваат јога нидра стекнуваат позитивни животни навики, негуваат ги и продлабочуваат доблесните особини. Кај нив сосема природно тече позитивен духовниот раст и развој. На овие личности се им тргнува од рака. Оти тие знаат што е вистинска и позитивна одлука – санкалпа. Нивната мисла е чиста, намерите позитивни а одлуките реално оствраливи. И кога се сака, се е можно.