Skip to main content

Happy Yoga 2 – Јога за Деца и Јога за Деца со Родители

By April 5, 2014Фељтон

,,Кој сака да научи нешто, ќе најде начин а кој не сака ништо да научи, ќе најде оправдување,, Народна мудрост

Во денешно време, во светот на информатиката и брзиот технолошки развој, знаењето и вештините како категории и принципи се лесно достапни, однапред зададени на чекор, на дофат, на поглед пред нас. Од морето на можности што се нуди во животот, личноста треба да го одбере она што во дадениот миг може да го искористи на најдобар и позитивен начин. Така се поставуваат добри темели врз кои успешно се гради животот во среќа и хармонија.

Ваквиот животен принцип треба да им се пружи или да им се понуди како избор на децата и младите во процесот на нивното растење и развој, не заборавајќи дека учењето е процес кој трае низ целиот живот. Така, децата од најмала возраст ги стекнуваат добрите навики кои им овозможуваат постепено и постојано да се развиваат во позитивни и креативни личности. Тоа им помага на децата и младите да имаат среќно детство и младост, креативен раст и развој.

Ова особено треба да го сфатиме ние сегашните родители и оние кој утре тоа можеби и ќе бидат. За мене лично, да се биде родител, е една од најголемите можности кој животот ми ја пружил. Тоа е предизвик и за мојот личен духовен развој, во кои родителството само ја збогатува и ја дава новата специфична димензија во мојата секојдневна духовна вежба – садхана. Тоа е одговорност и вистинска родителска должност – дхарма, мој личен придонес во креативниот развој на еден нов детски живот. Од мојата севкупна животна должност, родителството го прифатив како вистинска прилика да преку несебично служење – сева, да му помогнам на моето дете пружајќи му постојано љубов и нежност, заштита, грижа, секојдневна подршка и помош на патот на неговото растење и созревање.

Имајќи предвид дека младата личност катадневно треба да стекнува позитивна навики, да ја развива својата креативност, самодоверба да стекне самодисциплина и почит кон другите. Таа млада личност треба да се потикне да ги исполнува секојдневните обврските на еден ведар, радосен и позитивно креативен начин, со што ќе се поттикне да ги негува доблестите, личната одговорност добрите манири кои ќе го профилираат детето во среќна и одговорна личност која е иден креативен и активен член на општеството. Нашата родителска должност е само дел од нашето севкупна ангажирање во исполнувањето на целосната лична должност – дхарма. Т

аа, родителска грижа и должност никогаш и никаде не треба да биде загрозена, заради некој друг наш личен ангажман. Она што можеме да го пружиме како родители не може да го даде никој друг освен ние родителите: таткото и мајката. Времето на детството неповратно минува и треба детето во детството да биде дете и да биде водено на вистински и прав начин од својте најблиски: од мајката и таткото. Само тие можат да ја дадат и пружат таа вистинска родителска љубов, нежност и грижа. Тука во семејството се негува љубовта, се стекнува дисциплината и се гради авторитетот. Ова се основните принципи врз кои се темели развојот на здрава, среќна и успешна личност.

Севкупениот развој на младата личност се облагородува и зацврстува со јога вежби, подготвени и прилагодени кон детската возраст и потреба. Со HAPPY YOGA: ЈОГА ЗА ДЕЦА И ЈОГА ЗА ДЕЦА СО РОДИТЕЛИ на еден весел начин, преку игра, детето самостојно или со родителите се запознава со јога вежбите со кои ја осознава својата физичка, ментална и духовна димензија, стекнува дисциплина, самоконтрола, ја подобрува и продлабочува концентрацијата… Тоа на тековните обврски одговара со целосна лична одговорност, подготвено да се соочи со проблемот, соодтветно да го анализира и успешно да го реши. Така се стекнува со самодоверба која му помага во успешниот развој како здрава, среќна и успешна личност корисна за себе, своето семејство и општеството во целина.