Skip to main content

Happy Yoga 4 – Потреба од Јога Кај Детската Популација

By April 5, 2014Фељтон

,,Одговорни сме за тоа што го работиме ама и за она што не го работиме,, Волтер

Јогата е афирмирана наука и веќе потврдена философија за животот. Таа е совршен регулатор низ кои се кристализира позитивната еволуција и се потврдуваат доблестите како суштина на човековата природа во неговото секојдневие. Ако човекот ги аплицира јога вежбите во своето катадневие, тој позитивно се трансформира. Започнува еволуцијата на неговата свест и тело, преку веќе потврдени методи и системи за дисциплина кои ги антиципираат сите аспекти И структури на човековото битие. Човекот од своето раѓање па до крајот на сопствениот живот минува низ разни етапи и периоди кои имаат специфични: физичко-ментални структури И функции.

Кога тој нормален и природен развој, свесно е негуван и доблесно дисциплиниран почнувајќи од најраната возраст, неминовно се стекнуваат знаења и се воспоставува дисциплина кои им помагаат во општиот психофизички развој и оформување на младите. Децата се трансформираат во личности кои совршено владеат и се врвни господари на своето тело, ум и дух. Тргнувајќи од фактот дека децата се по природа исклучително активни и динамични, примената на јогата а особено на HAPPY YOGA -та кај детската популација со одбрана и приспособена јога програма за детска и младешка возраст, правилно и сосема природно го насочува нивниот целокупен раст и развој.

Телото на децата и младите ќе ја задржи и продлабочи подвижноста и еластичноста со негување на одредена физичка култура. Кога тоа се прави со доследна и редовна пракса на телесни вежби и положби – асани, целосната детска физичка структура од мускули, зглобови, рбет ја задржува својата лесна подвижност, правилна функција и добра здраствена состојба. Секоја телесна вежба и положба – асана се практикува бавно, свесно и децата тоа го прифаќаат како нова игра и за нив тоа е лесно остварливо.

Самата, јога програма не е никаков натправар, туку една игра, во која децата се внесуваат со голема љубов и љубопитност. Од таа ,,игра сега и овде,, со одредени вежби и положби – асани кои имаат општо влијание на целото тело а особено секоја асана има нагласено дејствие на определен сегмент на телото, посебно во потикнување и хармонизирање на одредена жлезда со внатрешно лачење која ствара одредени хормоните кои се неопходност кај децата за да се развијат во здрави и среќни личности. Секоја вежба – асана, ја следи соодветно дишење, со кои детето ја зацврстува и продлабочува својата концетрација и ментална стабилност.

Особено со техниките на дишење – пранајама прилагодени за детската возраст : нади шодан, брамари …се продлабочува дишењето, се проветруваат белите дробови, се внесува чист кислород и позитивна животна енергија – прана, кои дирекно имаат влијание во стварањето на здрава, среќна и емоционална стабилна млада личност. Со негувањето на правилно дишење и техниките на пранајама од најмлада возраст се трансформира огромната детска животна енергија во исклучителна креативна ментална енергија, која му дава доверба на детето во стварењето на здрави животни навики со кои младите имаат нагласен и позитивен развој проследен со креативност, способност за паметење и концетрација.

Детето ако редовно практикува HAPPY YOGA во кои се вклучени и техники на отпуштање – релаксации, а особено на детска длабока релаксација – јога нидра со кои се развива концетрацијата, се избегнува и отстранува детската ментална расејаност и незаинтерасираност. Така детето, со поголема моќ за концетрација, подобрена меморија, стекнува способност за потрајно паметење и може полесно да одговори на зголемените менталнофизички ангажмани.