Happy Yoga 5 – Дечина, Отпуштете Се!

By April 5, 2014 Фељтон

,,Тргнете чекор по чекор. Не мора да ги гледате сите скалила. Само направете го првиот чекор,, Мартин Л. Кинг

Секој сака да биде здрав, среќен, да има успех во животот. И сите ние несомнено го сакаме најдоброто за своите а особено за сопствените деца. Од одлуките кои често ги носиме во нивно име и за нивно добро, зависи квалитетот на растот на тие млади личности. Затоа во ова време на брзина и информации личното искуство, а особено доброто, позитивното и доблесното кои се нудат како можност за избор е особено корисно.

Искуството да се практикува јога е животна мудрост. Тогаш стануваме свесни дека секој сегашен миг од животот е оној вистинскиот и најдобриот момент од нашето постоење. Стекнауваме сознание дека секој миг, секоја животна ситуација носи искуство кое може да го преобразиме во позитивно. Потребен е мал напор за да се направи таков голем животен чекор. Затоа, да се постигне емоционална стабилност на младата личност и нормален психофизички развој на децата и младите и императив на секој родител.

Со јога вежби прилагодени кон младата популација се ослободува и преобразува огромната детска животна енергија во креативно ментална, која како конструктивен потенцијал се вградува во психофизичката структура на младите. Тие, така стекнуваат искуство кое ги прави свесни за себе, за својот животен потенцијал, отворени во потполност да се предадат на мигот на сегашноста. Значи децата стануваат свесни за секој миг од нивниот живот. Тоа ги прави смирени, концетрирани и во целост подготвени за да можат да ги исполнат сопствените задачи. Така, тие се во можност да бидат особено внимателни и повеќе концетрирани, во потполност предадени на задачата, која многу полесно ја совладуватаат, во исто време правејќи им ја работата на нивните наставници полесна.

Секојдневната пракса на јога, ги прави децата дисциплинирани, развивајќи им ја меморијата, способноста за концетрација со што се надминува и совладува менталната расеаност и незаитересираност. Децата стекнуваат навика да им приоѓаат на работите со голема љубов и посветеност. Се избегнува бесцелното трчање ваму-таму, галопирањето по многу обрски и современи трендовски ангажмани со кои им се краде од детското време и слобода. Детската јога пракса ги учу младите да знаат да се отпуштат и да се смират.

Особено практикувањето на HAPPY YOGA: ЈОГА ЗА ДЕЦА И ЈОГА ЗА ДЕЦА СО РОДИТЕЛИ во кои се вклучени физички вежби – асани, детски техники на дишење – пранајама и медитација а особено техниките на отпуштање – ралаксација ги прави децата здрави, емоционално стабилни, отпуштени, смирени, внимателни, конструктивно активни….Децата брзо учат дека не мора безглаво да брзаат или исцрпувачки да се трчаат. Туку може малку и за миг да се подзапре, да се слушнат себе си, да го искористат тоа време на себепочит како креативно време кога се гради сопствената иднина.

Само активна метална присутност во сегашноста е промислено реализиран и проживеан живот. Така младите ги продлабочуваат менталните граници во креативно уметнички инспирации или тоа е извор за вдахновено творештво до научно насочен и ангажиран ум. Да тоа го можат и децата кога умот е смирен, насочен и нерасеан. Таквите длабоки ментални искуства се дадени за секого, само треба да се дисциплинира телото и умот да се насочи. Тоа се учи со техниките на отпуштање а особено со детска јога нидра како составен дел на богата јога програма на HAPPY YOGA: ЈОГАТА ЗА ДЕЦА И ЈОГА ЗА ДЕЦА СО РОДИТЕЛИ.