Skip to main content

Happy Yoga 6 – Креативност и Развој на Децата со Јога

By April 5, 2014Фељтон

,,Ќе бидеме она, во што и веруваме, онолку многу колку што во тоа веруваме,, Суфи – мудрост

Јогата е една од ретките дисциплини, во која натпреваруачкиот дух не постои. Во јогата нема натпреварување кој подобро или побрзо-поспоро изведува некоја вежба, споредување со други или притоскот за постигнатото. Таа ја поттикнува волјата кај практиканот и детето како учесник во јога вежбите е ослободено од стегите и стеротипите на секојдневието за докажување и постигнување на натпреварувачки резултати. Детето како вежбач на јога се посматра самото себе, самото си е поттик и крајна цел во сопствената јога програма.

Секојдневно со целокупниот физичко-ментален развој, секое дете практикант на јога видно го забележува сопствениот напредок при изведување на секоја јога вежба, и тоа им дава поттик за продолжување на патот на сопствениот раст и развој. Децата опфатени со детската јога се весели и радосни кога тие забележуваат дека јога вежбите ги изведуваат полесно и самото вежбање им оди се подобро и подобро. Кај секое дете вежбањето прераснува во желба за сопствено секојдневно напредување кое е позитивно мотивирано. Детето повторно го открива детето во себе, кога со јогата исцело може да се посвети самото на себе. Како во детска игра со голема леснотија се нурнува во себе и го открива сопствениот детски и креативен свет во кои смиреноста, здравјето и среќата се суштина на секој живот.

Со редовно вежбање на HAPPY YOGA: ЈОГА ЗА ДЕЦА И ЈОГА ЗА ДЕЦА СО РОДИТЕЛИ во кои базични елементи од јогата се телесните вежби и положби – асаните кои на децата им овозможуваат да ја задржат и продлабочат еластичноста, подвижноста и флексибилноста со подобрена ефикасност и функционалност на органите и жлездите за внатрешно лачење. Децата ја задржуваат природната здрава состојба на своето тело а при нарушена здраствена состојба, таа се подобрува и заздравува младото битие.

Така децата стануваат ведри и расположени, полни со креативна енегија, со смирен ум и чисти мисли, исполнети со позитивен ентузијазам за совладување на нови знаења, подготвени за стекнување на доблесни учења. Една од вежбите која им ја враќа ведрината и насмевката на младите лица, ја буди и активира детската љубопитност е познатата серија на вежби ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО – СУРЈА НАМАСКАРА.

Со своите дванаесет меѓусебно поврзани и сплотени положби – асани, во еден складен и систематичен ред ги поврзува и хармонизира движењата на телото со дишењето со потполно свесност за секој активен дел на младата личност опфатена со ПОЗДРАВОТ НА СОНЦЕТО. Преку СУРЈА НАМАСКАРА се активира мускулниот систем, зглобовите а особено ја задржува активната и правилната функција на органите и жлездите за внатрешно лачење, во кординација со потполно свесно и контролирано дишење: тогаш огромната детска неконтролирана животна енергија се преобразува на еден волшебен начин во чиста, креативна и позитивна енергија која ги преобразува младите во физичкио-ментално здрави и позитивни личности кои се отворени за позитивното и доброто, за стекнување на нови учења и расположени за продлабочувања на сопствените сознанија.

Тоа го можат оние деца кои преку јогата а особено со HAPPY YOGA: ЈОГА ЗА ДЕЦА И ЈОГА ЗА ДЕЦА СО РОДИТЕЛИ стекнале дисциплина, верба, зголемена концетрација, моќ на паметење, исполнети со ведрина, расположени за стекнување на знаења и освојувања на нови учења.