Итаме од една задача на друга за да исполниме обврски кои ни го одземаат и минималното време за одмор, така цедејќи ги последните атоми на животна снага. Навечер многумина потполно исцрпени се свртуваат кон средства за смирување и таблети. Така завршува тековниот ден, за да мамурни повторно следниот ден се влезе во истиот круг.
Деновите минуваат, животот протекува без чувство на радост и спокој. Некој друг, партнерот, шефот или децата се изворот на нашиот немир, стрес и изгубена самодоверба. Брзаме а никако да стигнеме до целта. Одиме на одмор а се враќаме многу повеќе уморни и вознемирени. Го возиме новиот автомобил што до вчера го сонувавме а веќе размислуваме за нов. И така секој ден. Брзање, сонување со отворени очи, постојано мечтаејќи и многу тешко да се доживее барем еден миг на радост, спокој и среќа. Никако за миг да подзапреме, да се земе малку здив. Кога секој од нас, лично ќе се избори за сопствен момент кои би го посветиле само на себе, тогаш ни се отвораат нови хоризонти во нашите животи. Само од тогаш ќе го живееме вистински и во потполност сопствениот живот. За разлика од многумина, ние јогините и бројните практиканти на јогата знаеме да подзапреме меѓу две обврски и да се релаксираме. Со јогата повторно го витализираме сопственото тело, ги полниме спиритуалните батерии и ја враќаме вербата во себе и убавината на животот сега и во овој простор.
Се има свој почеток. Момент на раѓање од каде почнува постоењето. Ако сакаме да направиме вистинска, квалитетна и позитивна промена, нужно треба да почнеме од почетокот. Тој почеток независно колку години имаме: дали сме млади, возрасни или во мудра и длабока старост, без разлика на нашата здраствена состојба неминовно води и започнува со јогата за почетници. Преку јогата за почетници како базичен курс од перфект јогата се исцртува и гради основата, темелот врз кои се надоградуваат преку редовната јога пракса, нови позитивни искуства и духовни совети, која ќе не ослободат од стегите на болката, страдањата и ќе ни го исполнат нашето секојдневие со здравје, верба и среќа.
Така, постепено стануваме вистински играчи во играта наречена живот. И нема да бидеме топка заборавена на теренот или шутната по нечија желба. А ние како вистински домаќини ќе знаеме правилно да го користиме сопственото тело, здив и свест за да со праксата на јогата внесеме во себе мудрост која ќе ни го исполни нашето катадневие со вистинско доброчинителство. Јогата, а особено јогата за почетници е онаа алка која недостасува за да во целост се поврзе активниот и духовниот сегмент во животот на човекот. Нашата среќа, нашето здравје исцело ќе бидат и се во наши раце. Така јогата за почетници ги корне лошите животни навики, градејќи методи за виталност, здрав, среќен и духовно богат живот.