Гуру Пурнима – Денот на Духовните Учители

By April 5, 2014 Фељтон

Денот на Полна месечина во месец јули е посебен ден. Тоа е традиционален празник кои го прославуваат сите кои се на патот на јогата и духовноста. Се нарекува ГУРУ ПУРНИМА: Денот на духовните учители. Тоа е ден на исклучителна и нагласена духовна врска меѓу учителот и ученикот.

Во животот на еден човек од најрана возраст и во подоцнежнио период, образованието и воспитувањето има посебна важна улога. Се започнува во семеството, со мајката и таткото кои се првите учители. На своето образование и воспитание – човекот обрнува внимание низ целиот свој живот. И доаѓа до непосредно сознание порано или покасно – дека животот е едно училиште и учењето е нужност за општ и посебен развој на човекот.

Врв на образованието, вистински светилник во животот е духовното образование. Тоа ги нуди суштествените одговори за смислата на човековиот живот и постоење. Ако човекот како мудро и свесно битие со чист ум, со широко отворено срце и со детска љубопитност, сосема отворено се оддаде во својата духовна потрага, и им пријде на внатрешниот повик на своето духовно битие, човековите духовни сили, заедно со силите на Природата и Космосот ќе се отворат и здружат во реализација на древниот човеков копнеж.

Отсекогаш во спиритуалната историја на човекот, духовно љубопитните и ментално неограничените личности наоѓале утеха, знаење, мудрост и совет во дружење со искусни и духовно реализирани личности. Оваа личност во јогата ја нарекуваме духовен учител – гуру. Упаствата добиени од Учителот, неговите духовни совети се од непроценливо вредност во живот на секој духовен трагач.

Секој негов збор, преставува знак на патот на Себеоткривањето и духовната реализација. Старите мудреци рекле дека вистинска среќа во животот на секој човек е да го најде својот духовен учител и да присуствува на неговите предавање – сатсанг. Тогаш учителот вдахновено, од дното на душата ја изнесува животната и духовна мудрост базирана на вековното искуство пренесувано во континуитет по лоза на учители – парампара. Тоа предавање преставува вечно знаење кое втакаено во животот, ја интегрира и духовноста во него.

Сатсангот го облагородува и вдахновува човекот – духовниот трагач, преку активно учество во сопствениот живот, тој ја допира вистината и постојано има средба со вистината преку духовните средби со својот учител.

Само на вакви средби со духовен учител може да се слушне таква мудрост. Кога срцето е отворено а умот мирен, тогаш душата е жедна за мудрост, спокој и мир. Таквата жед може да биде угасена и душата со мудрост напоена само со сатсанг. Практикантите и вежбачите по јога, духовните ученици на средбата со својот духовен учител, со својот гуру ги полнат своите духовни батерии дирекно од изворот. Тогаш се спојува и настанува единство на оној што бара, што е жеден и оној што знае и тоа знаење неизмерно го нуди.

Таква средба со вистината ја имаат само среќници и оние кои ги следат вечните знаци на Природата и Космосот. Ако се почитуваат и негуваат природните и космичките знаци кои се периодични и во хармонија со физичката и духовната потреба на човекот тогаш настанува преобразба во целокупната природа на човекот.

Она што е потребно на духовниот пат е поголем и посуптилен извор на енергија кој ќе му помогне на ученикот да ја задржи целта во својот ум и да истрае во спиритуалната пракса. Таква поволна ситуација се случува само еднаш годишно во месец јули на денот на Полна Месечина наречен ГУРУ ПУРНИМА: Денот на духовните учители . Тогаш при посебната консталација на небеските тела доаѓа до ревитализирање на личноста, потикнување на духовноста, зацвстување на патот на Самореализацијата и духовната пракса.

Ова е Ден кога се зацврстува врската меѓу духовниот учител – гуру и ученик – шишја. Суштествени одговори, практичните вежби и упаства се добиваат од духовен учител познат во јогата под името гуру. Гуру е санскритски поим се состои од два слога гу со значење мрак, темнина и ру – светлост. Гуру е олицетворение на универзалното начело кој го води ученикот – шишја и неговата свест од мракот на незнаењето кон светлоста на знаењето. Со сопствен труд, постојана секојдневна јога пракса, духовните учители стекнале искуство и достигнале знаење, мудрост и тоа им го пренесуваат на оние жедните за знаење – видја, постепено упатувајќи ги кон целта. Оти одговорот и вистинските упаства се добиваат само со голем труд или како резултат на претходни добра дела, дејствија, судбина – карма.

Процесот на пренесување на знаењето се објаснува со принципот на палење на свеќа. Ученикот наречен шишја или чела е во мрак, тоа е свеќата која не гори а учителот – гуру е пламенот, тој што ја пали свеќата на својот нов ученик кој станува светло на знаење и светлина на мудроста. Во јога праксата и воопшто во духовниот живот сосема е нормално, во определен период да се појави извесна слабост, мрзеливост која се надминува под водството на учителот.

Ретки се тие кои се постојани во праксата, кои се упорни по патот кон целта. За таквите се е возможно. И брдото ќе дојде пред нивните стопала или морето ќе се раздвои да им направи пат за да минат. Со духовниот учител невозможното станува возможно, мракот и незнаењето се повлекуваат, доблесното освојува, насмевката царува на нивните лица, мудроста владее со нивните мисли, погледот милува, зборот лекува, допирот закрепува.

Ова се зборови кои ограничуваат, нешто што по содржина и доблесност е во зборот и меѓу зборовите. Духовниот учител – гуру е поим кој не може лесно да се опише, тоа е космички принцип. Гуру тешко се сместува и задржува во мислата на ограничениот човечки ум. Зборовите се немоќни да го опфатат и опишат нештото што е големо, доблесно, величенствено и апсолутно возвишено.Таква е природата на духовниот учител – гуру. Само срцето може да го осети а душата да го почувствува овој величенствен дар.

Тој е светилникот во спиритуалниот живот. Затоа кон секој кој добро, позитивно и доблесно ве советува и подучува, прифатил да биде вашиот духовен учител низ овој живот и кој го трасира вашиот духовен пат, нужна е почит и понизност на овој голем ден: ГУРУ ПУРНИМА: Денот на духовните учители.

Духовноста и вистинското знаењето тешко се стекнуваат: тие се заслужуваат. Мудроста за среќен, спирутуален и хармоничен живот е дар, добиен од духовните учители. Таа е сеприсутна и жива. Само треба е да се седне, да се се успокои во мир телото и умот и да се почуствува таа мудрост во себе.