Гуру Пурнима 1 – Денот на Духовните Учители

By April 5, 2014 Фељтон

,,Послушај ги мудрите зборови на големите души и следи ги,, Гуру-бакти јога

Имајќи ја во предвид различната природа на луѓето, нивниот различен психофизички и ментален потенцијал и духовен развој, јогата нуди различни патишта кои водат до иста цел: самоспознаие и самореализација. Во остварување на целта води редовната јога пракса – абјаса, која откако се зацврсти како секојдневна дисциплина се надоградува со неврзувањето – ваирагија, која преставува моќен психички инструмент во спиритуалниот развој.

Со овие моќни орудија секој зависно од личниот ангажман и постојаност во насојувањата го чувствува сопствениот духовен развој. Врвот на самореализацијата го дава учењето под дирекно раководсвто на духовен учител – гуру. Сфатен во својата изворна источна тредиција духовниот учител – гуру, има многу поголема функција од обичен учител – ачарја.

Тој е многу повеќе од учител. Тој предава посебна енергија наречена гуру шакти, која го води ученикот наречен шишја или чела, по духовниот пат во исполнувањето на трансформацијата на човековата личност и неговиот духовен развој. Учителот доаѓа секогаш кога е потребно да им се помогне на учениците во нивното напредување и отстранувње на препреките во духовниот развој. Тој е иницијатор, искрата која го пали пламенот за развој и духовнот.

Врската меѓу учителот и ученикот е духовна и ги надминува физичките бариери и го води ученикот до конечната цел. Треба да се нагласи и функцијата на учителот како водач, кој ги води сопсвените ученици низ чунглата на животот, наречено секојдневие низ која веќе минал и духовно успешно се реализирал.

Ученикот целосно го предава своето его, доаѓа до потполно празнење на неговите негативности и незнаење за да биде исполнет со вистинско духовно знаење – видја и да се нурне во морето на блаженството – ананда, мир и хармонија. Единствено што се бара од ученикот на веќе стекната дисциплина и навика да вгради во својот карактер одредени духовни правила, кои треба да ги практикува и на нив да се придржува. Тој, ученикот на овој начин ја стекнува отворената милост на својот гуру – гуру крипа.

Таа преставува јасно светло во животот на ученикот која дава сигурност и доверба во духовниот пат. Милоста на учителот – гуру крипа цврсто е усидрена во целта која треба да се достигне. Духовноста и вистинското знаењето тешко некои може да ги стекне самостојно: тие се заслужуваат. Треба да се прифати овој факт. Или ќе како што кажал еден мудрец.: сфати или пати. Мудроста за среќен, спирутуален и хармоничен живот е дар добиен со милост на духовните учители. Таа е сеприсутна и жива. Само треба е да се седне, да се се успокои во мир телото и умот и да се почуствува таа мудрост во себе.