,,Колку повеќе приликите се против Вас толку подобро се манифестира Вашата внатрешна снага,, С. Јесудијан
Јогата е тесно поврзана со животот. Таа преку својата пракса и ЈОГИСКАТА МЕДИТАЦИЈА му дава на аспирантот искуство како да се спознае самиот себе, својата природа и целисходноста на својот живот. Иако јога праксата и искуството стекнато од неа значи свртување кон себе, тоа не значи негирање на животот и средината во која живее и делува секој практикант.
Туку таа му го дава потребното искуство на поединецот за да како активен член на општеството јасно и цврсто си го пронајде и заземи своето место, достоиснствено си ги знае својте права, редовно и навремено ги исполнува својте обрски и должности. Јогата нагласува дека животот на човекот е боженствен дар, кој треба да се живее сега и овде, со отворени очи, со подадена рака за помош на ближниот, со ширум отворено срце кон сите. Тогаш човековиот копнеш за живот во радост, среќа и здравје не е некој неоствралив сон, далечна неостижна визија, туку тоа е реален живот кој се случува во овој простор и во ова време.
Ама, сепак луѓе сме. Ја имаме покрај духовната – спиритуална природа и физичко-ментлната димензија. А кога се прашање нашето тело и психа: тогаш јасно и отворено мора да се нагласи дека: сите сме емотивни во поголем или помал степен. И многумина ги потиснуваат своите чувства. И оваа огромна потисната енергија како заспана змија демне во самата суштина на со сила пригушените емоции.
Оваа мора некаде и некако да се манифестира. И најчесто тоа се случува во облик на некоја болест или ментално психички проблем. Кај други тоа е делумно контролирана емоција која често го менува карактерот и интензитетот, но во секој случај и тука се појавуваат одредени нивои, облици на ментална вознемиреност.
И кај едните и другите личности, мора да се најде некој облик, форма кој ќе биде точката каде таа енергија ќе се насочува, преобразува за да добие една нова духовна суштина. Така енергијата навремено насочена, значи вистински преобразба на емоциите.
Тоа се постигнува преку ЈОГАТА и ЈОГИСКАТА МЕДИТАЦИЈА, кога во потполност се насочуваат емоциите. Овие трагања, вежби и искуства се одвиваат во текот на целиот живот. Само на ваков начин кога се пронајде цел каде како во Фонтана на живот се трансформираат чувствата, тогаш исчезнуваат сите емоционални проблеми. Така човекот почнува да го живее животот во полност, радост и среќа.