Пранајама 13 – Класични Текники на Контролирано Дишење – 3

By April 5, 2014 Фељтон

,,Во работата е себеостварувањето,, Бхагавад Гита

Почетокот, текот на животот и неговитот крај се одбележани со дишење. Од начинот на дишењето зависи квалитот на животот и успехот на секој поединец. Стеканувањето навика на свесно и контролирано дишење и неговата примена во секојдневието го исполнува животот на практикантот со виталност, здравје, доблесна креативност, радост и среќа што го води до Самоспознание и Самореализација. Во основа тоа е и смислата на човековото постоење како свесно и духовно битие.

Патот по кој чекори секој практикант на јога е патеката што ја минале илјадници јоги пред нас, кои по упаствата на древната Јога ја достигнале таа Возвишена цел. Класичните техники на дишење – ПРАНАЈАМА како сегмент од јогата, се неприкосновено моќно орудие за секој кој сака да биде господар на текот и квалитетот на сопствениот живот. Во Хатха јога прадипика се наведени техники на ПРАНАЈАМА со специфично дејство кои треба да се практикуваат само по упаства и совет на искусни учители по јога.

БХАСТРИКА е ПРАНАЈАМА каде интензивното движење на дијафрагмата имитира движење на ковачки мев (од Санскрит: бхастра – ковачки мев) кога се ствара и специфичен звук што подсеќа на ковачки мев што распламтува оган. Ја поттикнува дигестивната температура, ја зголемува праничната и психичка топлина и затоа оваа ПРАНАЈАМА не треба да се работи во топло време или непосредно пред спиење. Се практикува во удобна седечка положба, најчесто падмасана, со рбет и глава во права линија.

Се издишува а следните вдишувања и издишувања се автоматски и без запирање следјќи ги благите контракции на стомакот и дијафрагмата. На крајот се вдишува низ десна ноздрва, се прави џаландара, мула или удијана банда и се издишува низ левата ноздрва. Следниот циклус е обратен. На почетокот се работи воведно ниво на БХАСТРИКА со бавен ритам, во средниот степен се вметнива кумбхака, за во напредното ниво да се зголеми ритамот и бројот дишењата комбинирани со банди: стомачна- психички блокади. Со праксата на БХАСТРИКА се масираат органите во стомакот, се потикнува дигестивниот оган, се зацврстуваат стомачните мускули, ги прочистува синусите. Го отвара патот за протокот на кундалини – заспаната, змиска енергија, низ шушумна нади. Оваа техника треба да ја избгнуваат лица со срцеви заболувања, висок притисок, хернија и чиреви.

БХРАМАРИ ПРАНАЈАМА е техника која детално е објаснета во Гхеранда самхита. Со специфичниот звук кој подсеќа на зуење на пчела (бумбар), се ствраат вибрации во главата на практиканот кои го смируваат умот и нерниот систем. Со показалците се затвораат ушите, забите се благо разделени а вилиците се опуштени. Брзо се вдишува подржувајќи звук на трут: мажјак на пчела – или бумбар а издишувањето е лесно имитирајќи звук на женка на пчела или бумбар.

Во напредните фази се комбинира со јони мудра, џаландара и мула банда. Со БХРАМАРИ се смирува гневот и бесот, се отстранува ментална вознемиреност и анксиозност. За да се разбуди сензибилноста за звук и суптилност на внатрешни вибрации добро е да се практикува додека е мрак: пред спиење или рано наутро пред изгресонце. Не треба да се вежба во лежечка положба, ниту со кумбхака кај срцеви болни.

МУРЧА е техника која се работи исклучиво со искусен учител по јога. Со оваа ПРАНАЈАМА се смируваат сетилните органи, се отстранува нервоза, нестрпливост, го намалува менталниот немир, доведува до опуштеност, ја продлабочува концентрацијата и ги помага медитативните процеси. Треба да ја изостават лица со болни срца, висок притисок или вртоглавица. По длабоко вдишување вежбачот се зацврстува во џаландара банда, главата ја зафрла назад со поглед меѓу веѓите – шамбхави мудра и го задржува максимално здивот, потоа се ослободуваат рацете, главата, по смирувањето на здивот се повторува..Таа носи чувство на празнење или блага вртоглавица. Ја обновува виталноста и ја зголемува концетрацијата на животната енергија. Овозможува проширување и развој на свестта, исполнувајќи ја личноста со внатрешна радост и блаженство.