Феноменот Јога

By April 5, 2014 April 20th, 2014 Специјални Артикли

Скоро секој човек се наоѓа во некоја животна ситуација во која се прашува себе: дали вреди да се продолжи да се живее на таков начин. Има моменти кога некои принципи треба сериозно да се преиспитаат и да да се размисли околу нивната целисходност оклу нивната понатамошна примена или нивна замена. Затоа, човекот како свесно битие донесува одлуки со кои суштински го одделуваат од целиот друг жив свет.

Тој пред се, со својата свест ги надминува границите на биолошката постоење и како ,,крал,, доминира и владее со целокупната свесна егзистенција. И како таков носи одлуки со кои квалитативно го менува начинот на своето живеење и тек на свесна еволуција. Некои одлуки треба да се смената за да постоењето како ч!овек ја има својата смисла. Оти човекот е многу повеќе од живо битие.

Човековото тело е форма во која неговата бесмтрна душа може да ја реализира и втората своја димензија: слободата – за која тежнее од приот миг на своето постоење. Душата низ безбројните свои егзистенции: од еден до друг облик на физичка егзистенција и преселба на душата низ многубројните животински облици се до човекот кога може и мора да го заврши тој круг на вечни преселби.