Happy Yoga – Среќна Јога за Среќни Деца

By April 5, 2014 Фељтон

,,Она во што веруваш тоа и постои,, М. Горки

Нема поголема среќа за родителите, од среќата што ги обзема кога гледаат како нивните деца се развиваат во здрави, среќни и задоволни личности. Во исто време нема попросперитетна земја од зејмата во која младите личности израснале врз здрави, креативни и доблесни начела. Тука во прв ред, големо влијание имаат стекнатите навики во семејството, продлабочени во училиште, кои особено се надоградуваат и зацврстуваат со активности во слободното време. Позитивните особини на младата личност, развивањето на креативноста, дисциплината и доблесните навики се ствараат, негуваат и развиваат особено со практикување јога.

Јогата е повеќе од спорт, таа ја интегрира целата млада личност. HAPPY YOGA: ЈОГА ЗА ДЕЦА И ЈОГА ЗА ДЕЦА СО РОДИТЕЛИ ги има во предвид и физичките и менталните можности на децата кои се опфатени со јога активности, а во исто време ја задржува, зацврстува и подобрува целокупната здраствена состојба на децата.

Отсекогаш на младите им бил дадено да носат голем товар обврски. Тие од најмала возраст се притисната со преоптоварена дневна агенда, кој создава сериозен ментален немир, фрустрации, стрес.. Се случува многу често, ние родителите да ги пранатрупаме децата со задолженија и обврски кои ги надминуваат нивните можности и тоа резултира во последниве години со високо ниво на стрес, дури и кај сосема млада детска возраст.

Јогата учи, дека обврските стекнати низ игра, ја будат детската креативност, активно ја вклучува целата млада индивидуа и таа љубопитна се нурнува во освојување на нови знаења, кои ги прошируваат детските сни и хоризонти. Децата стануват весели и задоволни а само таква личност може да се носи со новите и се поголеми предизвици на катадневието. Децата на сегашноста се утрешните: големи, возрасни и одговорни личности. Ако денес детето е среќно и радосно, задоволството и восхитот од убавиот живот бил иманентост во тековниот ден, денот што заминува, вчера… и со насмевка го дочекува секој нов ден.

Раѓањето на новото утро е почеток на нов успешен ден, во кои младите, среќни и задоволни личности ги потврдуваат своите вредности, ги надоградуваат доблестите, се зацрстуваат себе во здрави, племенити, доблесни и креативни личности. Таа свежина на младоста, радоста од животот, позитивниот дух на креативноста го внесуваат во средината во која живаат и растат, преобразувајќи ја околината во подобро место за себе и за останатите. Мојот, среќен свет е светот кој го споделувам со сите, а моите проблеми се само мој и јас успешно се справувам со нив – тоа е мотото на кое ги учиме младите практикани на часовите на HAPPY YOGA: ЈОГА ЗА ДЕЦА И ЈОГА ЗА ДЕЦА СО РОДИТЕЛИ.