Со секој завршен ден правиме уште еден чекор по патот наречен ЖИВОТ. За едни тој пат е добар а за други тежок и непредвидлив. За многумина секојдневието преставува неивесност исполнето со страв, недоверба, кои го преобразуваат човекот во агресивна, депресивна, плашлива и деструктивна личност. Такви личности за жал се многу чести кај нас и осбено во целиот современ свет. Да се врати довербата во себе, да се почитува сопсвениот живот и вредностите на секого е императив за среќен и здрав живот. Тука многу помагаат древните вештини за здрав и хармоничен живот меѓу кои особено се цени, почитува и практикува јогата.
Јогата и денес како и секогаш во минатото, на човекот му нуди начини, можности и патишта да самиот на себеси си помогне во разни животни ситуации. Практикувајќи јога, вежбачот се исполнува со комплетно здравје, виталност, хармонија и среќа. Кога јога вежбите се прават редовно, секојдневно и особено ако се почитува ритамот на Природата тогаш ефектот од вежбите е многупати позитивно зголемен.
Човекот како дете на Природата и Космостот, знае дека без Сонцето и неговата позитивна енергија нема живот и развој на свеста. Темнината го покрива неизвесното, од неа се раѓа мракот на незнаењето од каде започнува Царството на негативното, злото, болестите … Човекот како дел од Природата и господар на целиот жив свет, кој го сака и почитува животот треба да ги врати во своето секојдневие законите на Природата и Космосот. Оваа навика на почитување и негување на Силите на Природата со посебен култ кон Сонцето, човекот ја создавал и практикувал од древни времиња.
Се верува дека многу изградени објекти биле храмови или опсерватории или едно и друго со оглед дека во минатото не постоела цврста поделба меѓу верата и науката, туку тоа се преплетувало муѓусебно. Негувањето на посебен однос и култ кон Сонцето било сосема редовна и секојдневна дејност на луѓето во минатото. Можеме да претоставиме дека ,,сериозното-научно,, посматрање на Сонцето било составен дел на низа древни ритули и церемонии. На некои простори на нашата планета луѓето изградиле посебен култ на обожување и почитување на Сонцето. Тоа го правеле со посебен респект и понизност со цел неизмерно да бидат дарувани со благодетите на Сонцето и да го достигнат неговиот вечен живот. Древните Еѓипќани граделе пирамиди и храмови во чест на Сонцето, со цел нивните фараони да ја достигнат вечноста на Сонцето. Слични градби и храмови се среќаваат на американско тло кај древните Маји, Ацтеки и Инки, на азиско тло во индискиот потконтинент и ширум целата Сина планета низ целата историја на човекот.
Како резултат на посматрањето на Сонцето древните луѓе развиле посебни каленадари во кои подеталного го опишуваат движењето на Сонцето и ѕвездите низ илјадници години наназад. Се верува дека Стоунхенџ во Британија, бил користен како соларна опсерваторија за предвидување на годишните доба, рамнодневици, долгодневици и сл. Такви градби имало ширум светот. И просторите на Македонија не биле исклучок од тој голем духовен и древен научен светски тренд. Од 2001 година, на светскота археошка, астрномска и јога карта гордо се запиша и името на КОКИНО. Мегалитскиот споменик на Татичев камен од тогаш во светот е позат како Мегалитска опсеерваторија: КОКИНО. Само за неколку години КОКИНО, се вброи рамо до рамо со веќе афирмираните и надалеку познати Стоунхенџ, Абу Симбел. Ако КОКИНО бил древна мегалитска опсерваторија, центар од каде се извлекувале знаците на Природата за нејзиниот ритам: пролетна и есенска рамнодневица, почеток на летото и зимата преку летниот и зимскиот солстициј и др. Во тие стари времиња имало и одредени култови кои денес потполно се згаснати и идамна заборавени. Сега низа активности (музички манифестации, читање поезија и слично) кои се прават на тој простор без да се покаже одреден респект и чувство на понизност пред Сонцето игледаат ,,како плукање во ветер,,или ,,тихо зборување додека надвор непрестано грми,,. Може да свири непрестано инструмент или оркестар, да се чита поезија, да се пеат песни на цел глас ако се нема понизност тоа малку ќе го облагороди просторот.
Она за што е гладен просторот на КОКИНО со илјадници години е посветеност кон Сонцето и Месечината. Не знам, може само да претпоставиме каква била праксата, која била церамонијата на тие големи годишни периоди и празнувања по повод доаѓаето на пролетта, летото…сето тоа е дел минатото, историјата, митотот, легендите…кога човекот почнал да господари со околината, природата, планетата. Тој отсекогаш имал посебен однос и почитување на Силите на Природата и Космосот. Таму каде започнува да се појавува човекот, од магловитото и таинсвено минато, тој бил и останал дете на Природата и чедо на Космосот. Јогата изнедрана од древнина од желбата на човекот да го разбере и практично да го покаже својот личен однос кон околината, Космосот и животот. Таа е допринос за благодетите што човекот ги ужива во овој свет и неговата благодарност и почит кон Вечноста. Само со Светлината, со зракот на Сонцето, кој е и Зрак на љубовта, здравјето и хармонијата може да биде уништен мракот, темнината и незнаењето. Човекот мора својот дневен ритам да го започне и да го исполни со првите сончеви зраци. Да ја врати, заспаната, древна човекова навика на будење пред Изгрејсонце. Тогаш и само тогаш може да ја поттикне својата духовна креативност и одамна заборавена космичка димензија во себе. Навиката да се поздрави Новиот ден пред да се појават првите сончеви зраци ја задржале голем број на живи битија, кога од зората на новиот ден целата Природа е разбудена и ,,се врие од живот и раздвиженост,,.
Тоа е мал чекор во животот, но голема е добивката од него. Потребен е напор да се створи таква навика а уште подобро се зацврстува навиката со редовна јога пракса особено со комплексната вежба Сурја Намаскар позната како Поздрав на Сонцето. Во мугрите на утринското раѓање на новиот ден кога целата природа е спокојна, позитивна, во амбиент исполнет со мир и хармонија започнува славењето на Сонцето и Светлината со Поздравот на Сонцето. Сонцето е позитивно ако се извлече доблесното од него. Тоа неизмерно се дарува и пружа со првите утрински зраци на Изгрессонце или со зраците кои топло и нежно ја милуваат природата со залезот. Со нив започнува трансформацијата од мрзеливи битија, робови на нездрави навики, депресивност, болка во здрави, креативни и слободни суштества. Ако во мугрите на Новит ден го Поздравиме Сонцето, вечните негови атрибути: виталност, снага, чистота и вечност се генерираат во нас и се вградуваат како генетски код на нашето битие. Просторот на КОКИНО тоа неизмерно го нуди. Ние пријателите на Природата и заљубениците во ЈОГАТА го користиме тој простор во изминативе години со сета почит и понизност кон традицијата на просторот, Сонцето и Космосот. Ние со Сонцето пред себе, со величенствената светлина која ни го трасира патот до Целта и со распламтениот пламен на вечноста во нашите срца, гордо и смело чекорима свесни дека се позитивното, доброто и доблесното ни е дадено и можеме да го остврариме.
Затоа дојдете во Кокино, почусвувајте го овој древен амбиент и бидете дел од големото празнување на Сонцето и јогата.