Skip to main content

Медитација – Философија на Медитацијата

,,Кога ја спознаеш суштината, ќе има ли заблуди ?,, Т. Кришнамачарја

Преку ЈОГАТА и ЈОГИСКАТА МЕДИТАЦИЈА секој искрен и дисциплиниран аспирант стекнува знаење и способности кои практично се неограничени. На редовните јога практиканти им се отвораат портите за Лично спознаие преку дисциплинирање на сопсвеното тело – каја, здивот – прана, сетилата – индрија и свеста – будхи. Човековото тело и свест со ЈОГАТА и ЈОГИСКАТА МЕДИТАЦИЈА стануваат совршен спознателен инструмент за регистирање и откривање на Вечните тајни на Космосот и смислата на сопственото постоење.

Човекот преку јогата се открива себе си, системаски освестувајќи ја својата сосотјба а истовремено не заборавајќи да го унапреди квалитетно, позитивно и доблесно своето дејстување и суштествување во секојдневието. На тој пат неминовно се наидува на одредени препреки, потешкотии кои мора и треба да се надминат и совладаат. Тие во јогата наречени: клеши. Тоа се причините поради кои човекот е несреќен и толку многу луѓето се вплеткани во нив така да самите не се ни во состојба да ги препознаат. Човекот страда и болката станува елемнт во катадневието. Затоа големиот јога мудрец Патанџали ги класифицирал клешите во пет групи:

1. Авидја – незнаење, несогледување на стварноста;
2. Асмита – јас, индивидуата: его
3. Рага – страст, копнеж, привлечност кон објекти
4. Двеша – недопаѓање, одвивање, бегање или одвраќање од објекти
5. Абнивеша – нагласена аверзија, страв од смрт или вроден страв за одржување на сопствениот живот.

Така имајќи го искуството од многубројните јога практичари и животната мудрост на обичните луѓе во секојдневието, низа големи јога учители и древни мудреци кои преку сопстената животна пракса, базирана на проучување на човекот, неговиот живот и дејствување, јасно и во целина ја согледале многуслојноста на човековите страдања и успеси. Тие дошле до заклучок дека страдањата и секојдневни болки – клешите може, мора да се надминат и совлаат ако сака човекот да биде спокоен и среќен.

Причината за страдањата и болката е во страсното поврзување на човекот со ствари, предмети и принципи кои се менливи и непостојани. Најчесто најголем број на луѓе се идентификуваат со своето тело, ум, предмети кои по својата природа се вечно менливи и непостојани. И како такви носат немир и болка, па постојано, вечно предизвикуваат страдања. Излезот јогата го гледа во пракичната примена на јога техниките со кои ќе се намалат и отстранат влијанието на клешите во катадневитето на човекот.