,,Оној кој правилно диши, стекнува контрола над целото свое битие,, Хатха јога прадипика
Болестите може да ги отстраниме и да ги трганеме далеку од нас а здравјето да биде константа во нашето секодневие само ако на нашиот организам му обезбедиме редовна, навремена и свежа количина на животна енергија – Прана, која ја внесуваме во себе со дишењето. Правилното и здраво дишење се одвива низ нос и енергетската виталност се зголемува со свесно, длабоко, бавно, бесшумно и лесно дишење. Основниот јога принцип е свесноста, која обврзува да станеме свесни и за процесот на дишење. Редовната пракса ја развива и продлабочува свесноста за секој здив.
Дишењето во јогата по правило се одвива низ нос, освен во мали исклучоци низ уста во специфични јога техники на дишење како на пр. Ситали, Ситкари и др. Дишењето низ нос преставува основа на природно и здраво живеење. Тоа ги снабдува органите за дишење со прочистен и загреан воздух, а во носната шуплина се апсорбира и голел дел од виталната енергија – Прана. Од начинот на дишење зависи виталноста, имунитетот, физичката и менталната состојба на секоко.
Дишејќи низ нос овозможуваме снабдување на организмот со потребната енергија и ствараме навика на правилно и здраво дишење. Процесот на дишење и било која техника на дишење треба да се започне со длабоко и бавно ИЗДИШУВАЊЕ. Со издишувањето се исфрла заостанатиот воздух и се опуштаат мускулите за дишење, се отвора целосно системот за дишење за внес на свеж воздух. Издишувањето е воведот во дишењето, а дишњето низ нос е основа на правилното дишење.
Постојат три основни механизми на дишење: абдоменално или стомачно, торакално или средно градно и клавикуларно или горно градно дишење. Абдоменалното дишење е длабоко и бавно, познато е уште како дијафрагмално дишење. Тоа се одвива со нагласена активност на дијафрагмата и кога таа правилно функционира дава најуспешен тип на дишење.
Тоа треба редовно да се вежба за да се стане природен и секојдневен начин на дишење. Торакалното и клавикуларното дишење предизвикуваат ширење и собирање на градниот кош и ребрата. Тие се многу често користени методи на дишење, особено при нагласени физички напори. Во ситуации на евидентни ментални напрегања и стресни состојби се користи клавикуларно или горно градно. дишење.
Овие три елементи на дишење споени и комбинирани во една целина го праставуваат комплетното јога дишење. Тоа во себе вградува три ритмички движења кои се прелеваат едно во друго без прекини или застој, како бран кој се подига лесно до максимум а потоа истиот сосем бавно се смирува. Комплетното јога дишење се темелот и почетокот на бројни техники на контолирано и свесно дишење – Пранајама. Тие техники не треба да се практикуваат веданаш после јадење, ниту кога некој е многу гладен. Усвојувањето на нови и здрави навики, како што е и правилното дишење бара постојаност, редовност и континуитет за да НОВОТО се прифати и стане секојдневие.