Усните на мудрите луѓе знаење шират. Соломон
Само малку напор и труд е потребен во стварањето на нови, позитивни и здрави животни навики. Преку праксата на телесно-физичките вежби и положби – асани, ’рбетот во целина и секој негов пршлен, секој зглоб и мускул во човековото тело остануваат здрави, витки и во добра состојба. ЈОГАТА ЗА ПОЧЕТНИЦИ започнува со сосема едноставни јога вежби, кои може со помал или поголем напор да ги изведе скоро секој без разлика на возраста и моменталната здраствена состојба. Со нивната пракса се навлегува во царството на смиреност, отпуштеност кои се рајски порти во градината на постојано здравје, радост и среќа. Сосема природно се стекнува навика за редовно практицирање на ЈОГА. Таа редовност во изведувањето на вежбите, неминовно создава здрава и креативна дисциплина. Продуктот на тие постојани напори сте ВИЕ, а кога се гледата себе како здрава и среќна личност, волјата и желбата за стекнување, задржување и зацврстување на дисциплината која тоа го обезбедува постојано се негува и надградува. Од болежлива и срамежлива личност која тешко може сама да се соочи со себе, преку ЈОГА ПРАКСАТА се трансформирате во одлучна и одговорна личност која се исполнува со самодоверба. Така човекот сфаќа, дека постојаното здравје, себеспознанието и себеостварувањето може да ги постигне преку негување и одржување на сопствената дисциплина.