Skip to main content

,,Грам пракса вреди повеќе него тони теорија,, Свами Шивананда

Јогата тргува од фактот дека ние не сме само физичко суштество, туку пред се, сме сложено психофизичко и ментално битие кое и како член на општеството има одредена социјална положба и обврска. Токму од тука грижата за себе е природен процес. и лична обрска за нашиот севкупен психофизички и ментален развој.

Највисок идеал е развој кои води до самоспознание и духовна реализација. Преку редовните вежби јогата ни дарува тело ,здраво, цврсто и еластично со потполна контрола на дишењето, совршено владеење со менталните процеси и спиритуално искуство.Со јогата исполнуваме позитивен сегмент во животот, кој вграден во него го трансформира нашиот живот и себепостоњето во харнонија од целокупност исполнета со здравје, радост и мир.

Со било која работа да се зафатиме во животот, вклучувајќи ја тука и Јогата потребен е соодветен напор, труд, постојаност кон целта кој го нарекуваме едноставно АБЈАСА. Таа овозможува да чекориме кон успехот, или како што запишал Патанџали (големиот јога систематичар), преку вежбите-абјаса кои редовно и постојано применувани и практикувани, проследени со напор се постигнува смирување и контрола на свеста. Тој нагласува дека ВЕЖБАТА (АБЈАСА) ЌЕ БИДЕ ПЛОДОНОСНА АКО СЕ ПРАКТИКУВА ДОЛГО ВРЕМЕ, НЕПРЕКИНАТО И СО ПОЛНО МЕНТАЛНО ВНИМАНИЕ.

На овој начин ја развиваме и продлабочуваме нашата дисциплина која е клучот на успехот во животот. Секоја вежба ја изведуваме со концетрација, свесно следејќи ги сите промени во себе, во комуникација со моменталните физички и ментални можности. Ако не може да се изведе некоја вежба како што треба, не се разочаруваме туку постепено и со внимание остануваме во пријатност во крајната возможна положба. Обрнуваме особено внимание на правилното дишење при секоја вежба и релаксација.

Зошто Јогата не е спорт, ни аскетска пракса, ниту пак војничка дисциплина туку ЈОГАТА БАРА ДА ЈА ИСКОРИСТИМЕ ОГРОМАНТА МОЌ НА НАШИОТ УМ,која се активира со полно ментално учество и свесна конторла и во наједноставните физички вежби, техники на отпуштање, дишење, медитација…Таа ствара навики да им приоѓаме на процесите, предметите, личностите со потполна свесност за времето и просторот. Активно да го користиме дадениот момент за да ги придвижиме својте скриени човечки потенцијали и моќи и во потполност да ни се отворатат за да можеме да ги примениме како позитивност и доблести во секојдне