Skip to main content

Медитација – Философија на Медитацијата

By April 5, 2014April 20th, 2014Фељтон

,,Чекори по патеката на смирена постојаност,, Далај Лама

Духовните аспиранти од најстари времиња до денешни дни се во постојана потрага по Изворот на среќата и вечното блаженство. Јогата нуди еден од низата патишта кои водат кон Самоспознание и Себерализација.

Таа пракично ни дава искуства со кои ќе се смири умот а срцето ќе се прочисти и отвори кон светот кои незпирливо се менува без да ја искриви сликата за светот и за нашето место во него Така на секој практикант по јога му се нуди: самостојно да ја изоди сопствената животна патека без премногу да пати и страда во овој физички свет на егзистенција каде севкупниот психоментален развој станува катадневие. Нашиот живот преку јога праксата мора да се подигне над катадневните страдања и патења.

Јогата нагласува дека во животот на човекот и во неговиот духовниот развој неминовно се појавуваат одредени препреки, потешкотии кои мора и треба да се -надминат и совладаат. Целта на ЈОГАТА и ЈОГИСКАТА МЕДИТАЦИЈА е да се намали или избегне страдањето така да на секој јога практикант спонтано му се открие и отвори спиритуалната суштина: незнаењто на вистинската стварност е коренот на сите страдања и патења. Се дотогаш секој е втурнат во шарениот и убав свет во кои мнозина се идентификуваат со стварите кои се менливи.

Тоа носи понекогаш радост и среќа а многу почесто разочарувања, страдања и болка. Затоа големите јога учители и мислители имајќи ја редовната јога садхана, секојдневното стекнувале животно искуство преку медитација со кои се подигнале над самите животни проблеми кои ги обземале и обземаат нас обичните луѓе. Така, тие во целост ја согледале самата суштина на човековите патења, страдања и болка. Тоа најдобро го систематизирал и го дефинира големиот јога мудрец, учител и систематичар Патанџали. Тој нагласува дека постојат одредени причини кои ја поттикнуваат човековата болка и страдања.

Во јогата ги нарекуваме клеши (од Санскрит клиш со значење се мачи). Клеша е болка, напор, мака, страдање кои истовремено се и остаток на претходни искуства. Таа, потоа како кармичко наследство нуди искуства како во мигот на живеењето така и понатака во животот хумано, духовно и достоинствено да се живее или катадневно да се живурка. Клешите се корен на секоја активност и тие најчесто имаат меѓусебно влијаие, една со друга се надополнуваат давајќи поттик за созревање, активирање на некоја причина од чија последица се гради среќен и трагичен живот како резултат на созревањето на кармичкото семе – карма ашаја.

Така некои се среќни во овој живот кои го живеат како во рај, за други пеколот започнал со чинот на раѓање. Најчесто за многумина овој живот е вибрација меѓу несреќа, тага, разочаарувања од една страна и во миг само допрена радост, среќа и мир од друга страна. Постојаното трчање кон доброто а бегањето од лошото носи горчина во устата, разочарувања и болка. Од нив се градат клешите кои ја определуваат добрата или лошатс судбина – карма, должината на животот – ајус, животното искуство – бхога. Тие се главната причина кои ја условуваат новата инкарнација, повторното раѓање и новиот облик на живот – џати.