Skip to main content

Пранајама 11 – Класични Текники на Контролирано Дишење – 1

By April 5, 2014Фељтон

,,Оној кој ја гледа целта не може да го изгуби патот,, С. Јесудијан

Во класичните дела за јогата, опишани се десетина техники на ПРАНАЈАМА кои правилно применувани нудат позитивни влијанија кај практикантите. Денес, нивната примена во јогата под овие или нови имиња е во голема мера и во зависност од ефектот што тие го имаат.

Често овие техники се комбинирани: со посебни положби на рацете или телото наречени – мудри, кои имаат големо психичко влијани, со одредени психичко-мускулни енергетски блокади – банди и техники на прочистување – крија техники со кои се нагласува ефектот на позитивното дејствување. Овие текстови имаат за цел информирање и запознавање со јогата и техникита на дишење во јогата. Јогата и било која техника во јогата се учи, усвојува и практикува само на часови по јога, каде под водство на учителот или инструкторот по јога се навлегува во светот на јогата.

СУРЈА-БХЕДАНА ПРАНАЈАМА е една од осумте класични техники на ПРАНАЈАМА, опишана во Хатха јога прадипика. Самото име СУРЈА – сонце нагласува дека во оваа техника вдишувањето е само низ десната ноздрва која е поврзана со пингала -,,сончевиот,, – нади – енергетски канал. Станува збор за една класична ПРАНАЈАМА, во која се вклучени сите елементи на дишењето: вдишување – пурака, задржан здив – кумбака и издишување – речака.

Откако се вдиши се прави џаландара банда и мула банда, здивот се задржува до граница на пријатност кога се чувстува дејството на праната по целото тело. Здивот се задржува додека може со леснотија да се контролира. Непосредно пред издишувањето полека се попушта џаландара и мула банда, се ослободува стомакот. Со затворена десна ноздрва бавно се издишува низ левата ноздрва и овој циклус се повторува неколку пати.

Практикувањето на СУРЈА БХЕДАНА овозможува да се продлабочи способноста на задржан здив – кумбака, ја подобрува и продлабочува концетрацијата, отстранува одредени проблеми во грлото, ги прочистува фронталните синуси, ја потикнува работа на панкреасот и штитната жлезда, смирува и отстранува главоболка . На енергетско ниво ја потикнува активноста на сончевиот нади – пингала, влијае на будење на заспаната космичката енергија во човекот – кундалини, на енергетските центри – чакрите особено на вишуди чакра.

УЏЏАЈИ ПРАНАЈАМА е една од ретките пранајами која се изведува во класична седечка положба а може да се практикува и лежејќи, стоејќи или во движење, во било кој дел од денот. Често се јавува за време на спиење во длабок сон спонтано кога нашите сетила се отпуштаат и умот е свртен кон внатре, кон себе. УЏЏАЈИ значи победоносно. Таа може да биде составен елемент на многу јога техники, да биде вградена со некои асани -телесни положби, таа е елемнент во крија јога, мантра јога, кундалини јога…

Во УЏЏАЈИ ПРАНАЈАМА се вдишува низ двете ноздрви со нагласено ширење на градниот кош со концентрација и блага контракција на глотисот – гласните жици кои предизвикуваат шиштење со протокот на воздухот низ грлото. Со вдишувањето се задржува здивот, се прави џаландара банда и мула банда, а издишувањето е бавно и долго, без запирање се надоврзува следниот циклус. Може во следните циклуси да се вклучи и кечари мудра. Често се комбинира со мантрата: СО – при вдишување и ХАМ со издишување.

Оваа пранајама не треба да ја практикуваат интровертни личности а посебно внимание да се насочи кон лицата со низок крвен притисок. Таа ја смалува хипертензијата, го урамнотежува крвниот притисок и проблемите со срцето. Го прочистува телото од отрови. Помага кај лицата со дискусхернија, спондилоза и проблеми со органите за варење… Отстранува несоница и ментален немир ја враќа самодовербата, ја зглемува и продлабочува концетрацијата, психичката стабилност и сензибилност.