Skip to main content

Пранајама 5 – Духовната Димензија на Дишење

By April 5, 2014April 20th, 2014Фељтон

,,Пер аспера ад астра,, Латинска мудрост

Многу често во секојдневниот живот низа работи и процеси ги работиме и изведуваме нагонски, механички или автоматски. Во тие дејности и во тие активности минуваат минути, часови, денови…. минуваат многу година од нашите животи без да забележиме дека минало детството, младоста, нашиот работен век.

Се будиме или легнуваме механички, јадиме без да сме свесни за секој залак, работиме без да уживаме во процесот на творење, играње.. Се се свело на еден механички или автомастски чин на постоењето кои не прави отсутни од времето и просторот во кои живееме, твориме, се менуваме…Како виножито после дожд исчезнува виталноста, здравјето од нашите тела, спокојот и духовноста од нашите битија.

Преку Јогата а посебно со техниките на свесно и контролирано дишење – Прахајама, се зголемува личната одговорност за важноста на дишењето и осетливоста на дишењето не само на физички план туку и на многу суптилни нивоа на постоење. Оти дишењето не е само обично внесување на кислород туку тоа е процес на постојана и отворена комуникација преку животната енергија – Праната со самиот живот и со Вечното постоење. Преку техниките на дишење стануваме свесни за многу аспекти и природи на здивот, за Праната а особена за телото и свеста.

Тоа далеку ги надминува ,,научни биолошки-хемиски сознанија,, за дишењето. Со нашата секојдневна јога пракса на ментално контролирано дишење стекнуваме искуства кои се над секојдневната свесност и ограничената сетилна човекова природа. Кога живототворните процеси, како што е и дишењето стане контролиран и свесно воден процес, тогаш самото дишење нема само физиолошка функција туку добива и една нова духовна димензија – прераснува во искуство од спиритуална природа. Човекот почнува да ја отвора и спознава својата вистинска духовна димензија – од оној миг кога заедно се ангажирани телото, дишењето и умот.

Тогаш во човекот започнува духовно евулутивен развој. Тоа е процес кои тече како и секоја природна појава, за кои се потребни услови и време за развој и зреење. Така и со дишењето, стануваме свесни за развојот: од чувствителност на физички – груби нивоа во процестот на дишењето кои евулуираат во сосем суптилни нијанси кои се случуваат на спиритуално ниво. Тогаш на човекот му се отвора најголемата тајна: Тајната на животот. Човекот добива дирекни одговори за Животот и Вечноста преку лично искуство и во себе. Јогата го нуди патот и методата за самоспознание.

Преку постојано и лично искуство од техниките на дишење секој свесен и одговорен практикант си го подобрува квалитетот на здравиот живот и му се дава можност да сам стигне до конеччниот одговор за Себеспознанието. А тој пат од илјада милји води преку редовна јога пракса – Абјаса. Јогата е таа која ни ја враќа ведрината во нашите животи, радоста во секој нов ден и бескрајната среќа во секој миг од нашето постоење. На тој долг пат наречен Живот со конечна цел Себеостварување: со Пранајамата ги правиме првите чекори.