Skip to main content

Пранајама 6 – Здивот и Неговата Промена

By April 5, 2014April 20th, 2014Фељтон

,,Панта реи,, Хераклит

Се се движи се се менува. Светот во кои сме и што не опкружува е свет на промени, свет на вечна променлива рамнотежа. Се менуваат и денот и ноќта, мракот и утрото, уморот и акстивностите…Тие промени се проткајуваат во секој сегмент на надворешниот свет и се провлекуваат во нашиот внатрешен свет – на телото, душата и умот.

Познато е дека текот на здивот во левата и десната ноздрва е во тесна врска со различната функција на левата и десната мозочна хенисфера, со активност и релаксација, со прана и манас шакти. Едноставно кажано со нас владеат овие циклични текови и тие се одразуваат и на здивот, со очигледно влијание на здивот во секоја ноздрва. Снагата на здивот во десната и левата ноздрва се сменува во циклуси од по деведесет минути.

Помеѓу смените на доминација постои состојба на рамнотежа и тоа е период кога се отворени двете ноздрви и кога се буди спиритуална енергија. Тоа се мигови на пробудена спиритуална енергија кои и свесно можеме да ги управуваме со одредени јога техники кога можеме да го продолжиме или скратиме времето на доминација на здивот низ едната или другата ноздрва.

Така се предизвикува и духовно будење, а старите текстови за јога тоа го потврдуваат како проверен начин на будење на спиритуалнат енергија позната како кундалини. СВАРА се наркува текот на здивот низ ноздрвата.Кога една е доминантна, низ другата протокот на воздухот е намален или ограничен. Во природниот период на осцилација меѓу левата и десната ноздрва, односнно меѓу ида и пингала само неколку минути постои природна рамнотежа на здивот. Тогаш и двете ноздрви се отворени и протокот на здивот низ двете ноздрви е хармонизиран, истовремен и еднаков. Тој период може да се продолжи со промена на снагата на здивот во ноздрвите и така да се стигне до состојба на рамнотежа.

Постојат посебни техники со кои може да се управува текот на здивот низ ноздрвите. Со нив се нагласува доминацијата на едната ноздрва во однос на другата за да може да се искористи и да се појача текот на здивот низ едната ноздрва во зависност од тоа во која мера ни е потребна сончевата енергија – прана шакти со нагласена активност на десната ноздрва, или пак сакаме смирувачката и месечева енергија позната како манас шакти иразена низ левата ноздрва и таа да доминира во тој период.

Треба да знаеме дека доминацијата на еден тип енергија може да доведе до доминација на менален немир кога е активна левата ноздрва или нагласената физичката енергија да се манифестира како натпреварувачки напор и физички неспокој при особена активност на десната ноздрава.

Сепак во јогата, оваа пракса се применува да се нагласи спиритуалната димензија, за да се одржи рамнотежата на здивот низ двете ноздрви, кога е активен и доминантен главниот праничен канал – шушумна. За време на изгревот на сонцето или при неговот заоѓање постои нагласена активност на едната или на другата ноздрва во зависност од месечевите мени. Овие вежби се практикуваат пред пранајама, удобно седнати во седечка положба откако телото се успокои во положбата и неподвижноста, стануваме свесни за текот на здивот.

Ментално го следиме протокот на здивот низ ноздрвите СВАРА. И свесно го насочуваме низ еднат ноздрва -левата во одреден ритам со сосодветна положба на рацете – мудра. Потоа истото го правиме и низ десната ноздрва во ист временски период. Се вежба низ левата а потоа и низ десната ноздрва пет до десет минути со целосна концентрација и ментална контрола на здивот. Оваа пракса ќе отстрани физички и ментални немири и ќе доведе до состојба на длабока отпуштеност и природна состојба за медитација.