Skip to main content

Сурја Намаскара 4 – Поздрав на Сонцето

By April 5, 2014Фељтон

,,Човеку, ти си единствена тајна! Кој може да ја отвори вратата освен ти? И никој не може да влезе освен тебе!,, С. Јесудиан

Човекот од памтивек до денес е во постојана и вечна потрага во откривањето на мистериите на приридата и Космосот, секојдневно спознавајќи ги, ја открива тајната на вечноста со која се спознава и се открива и себе си. Тој се обидува да си ги подобри условите за живот, а во исто време вечно копнее да ја отрие смислата за својот живот и постоење.

Во повеќеилјадната историја, луѓето освојувале нови простори, далечни и непознати: патувајќи зад седум планини и седум мориња, нурнувајќи во мрачни и темни морски длабочини, вивнувајќи се во бескрајни небески височини а визуелно и ментално допирајќи до несогледиви космички далечини и отркивајќи ги тајните на атомот, секогаш и по правило останувајќи вечно незадоволни .

Неуморниот човек, обземен со разочарување и срам, повторно се враќа назад кон себе , кон своето тело, дух и душа. Само тогаш тој ја открива вистината за себе, за смислата на своето постоење и дејствување. Јогата, како пракична философија и наука го има одговорот на низа човечки проблеми, кои останале исти како и во минатото така и денес. Таа не само што ни ги нуди одговорите туку дава и научни објаснувања за да преку апликација на одредени јога вежби и техники, јогата стане метод за надминување на проблемите и страдањата.

Јогата во својата практична примена не е спротивност со ниедно верување, ниту негира религијска припадност, туку здравите, позитивните и доблесните карактерестики на поединците уште повеќе ги потикнува на развој и таа може да биде и е пракикувана од секој кој е искрен кон себе и трага по здравје, хармонија и вистина.

Како што е познато и многупати досега повторено: само со малку издвоено време за јогата со редовна јога пракса – абјаса сфатена како минимум секојдневен напор вложен во себе, кој може и постојано ни дава виталност, вечно здравје, неограничена снага, цврста дисциплина, вистинско знаење – видја , величенствен духовен мир и хармонија во себе и со околината околу себе.

Ако сакаме да ги стекнеме овие особини и да имаме совршена контрола врз себе, врз своето тело и ум, јогата низ своето долговековно постоење не подучува дека прво мораме да стекнеме дисциплина базирана на редовни, постојани и секојденвни вежби. Особено се забележува, кога во праксата се внесат умерени јога вежби со кои се враќа подвижноста и виталноста на телото кои обезбедуваат совршено владеење и контрола на здивот, со кои се смирува умот, се продлабочува концетрацијата и се проширува свеста.

Умерената, редовната и постојаната јога пракса ја враќа самодорербата, складноста со околината и почитта на Природата и Космосот. Ова го овозможува комплексната јога вежба наречена СУРЈА НАМАСКАРА – ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО која се изведува рано наутро во мугрите на раѓање на новиот ден, свртени со лицето кон Сонцето. Од древни времиња до денешни дни ова е редовна пракса која носи флексибилност, виталност, здравје, , долг живот и спируален развој.