Skip to main content

Јога за ‘Рбет 2 – Здравје и Радост во Секојдневнието – 1

By April 5, 2014Фељтон

,,За да постигнеш успех мора да имаш огромна издржливост и неограничена снага на волјата,, Вивекананда

Човекот исправено и достоинствено доминира со Сината Плаета, во која тој е зенитот на биолошката еволуција на целиот жив свет. ’Рбетот е основата околу која е фокусирана целокупната подвижност на телото, нужна неопходност за одржување на негова рамнотежа и целосна статичка сигурност на телото. ‘Рбетниот столб со својата специфична градба е вертикалната осовина на телото околу кој се фокусира целокупното биолошко суштествување на човекот.

Тој ја формира заштитната обвивка за ‘рбетнито мозок и нервите кои од него излегуваат. Било какви промени на него забележливи се во намалената флексибилност на целиот систем за движење. Заради исправениот од и вертикално поставениот ‘рбет целокупната тежина на човечкото тело паѓа врз нозете односно стопалата. Карлицата, зглобовите на карлицата и долниот дел на рбетот ја прифаќаат доминатната тежина на телото, го стабилизираат односот од вертикалното држење на трупот со потребата од подвижноста на нозете: одење, трчање, наведнување, свиткување.

Современиот човек се почесто има болки во вратот, рамењата, ‘рбетот, зглобовите .. Проблемите на вратниот дел на ‘рбетот се најчестите и вообичаени кај лица кои работаат седејќи, долготрајно управуваат возила или се навенати врз работна маса со што се ограничува движењето и најчесто погрешно се држи главата и ‘рбетот. Многумина се жалат од болки во вратот, рамењата. Честа е главоболката и вроглавицата како резултат од континуирано напрегање на сегментот на мускулите на тилот и вратниот дел кои можат да доведат дури и до ограничена подвижност на рацете.

Најчесто со едноставни јога вежби се обезбедува враќање на еластичноста и подвижноста на вратните пршлени на ‘рбетот, со кои истовремено, нежно се раздвижуваат и истегнуваат мускулите на вратот и рамењата. Секое движење на главата во јогата е кординирано со нагласено и контролирано дишење. Овие едноставни а многу ефектни асани – телесни вежби од Специјализираниот јога курс: ЈОГА ЗА ‘РБЕТ се изведуваат со потполна концетрација, доста бавно, без брзи и нагли свиткување кон назад.

Така се отпуштаат мускулите на вратот, лесно се истегнуваат и се зацврстува сегментот на вратните мускули а особено на мускулите на тилот. Систематското и континуирано изведување на јога вежбите ги санираат и совладуваат тековните болки и проблемите на вратниот дел. Тоа овозможува да се корегира лошото држење на вратот и рамењата. По изведените јога вежби практикантот се отпушта на грб – шавасана или во положба на зајак – шашанкасана кога нема висок крвен притосок или проблеми со очите. Треба да се одбегнува отпуштање или спиење на стомак при нагласени болки во пределот на тилот и задниот дел на вратот. Со релаксацијата чувството на отпуштеност го враќа внатршниот мир и леснотија која го обзема вежбачот по сегментот од свесно изведените јога вежби.